05 Декември, 2025
0.0523

Кој го купи мега атрактивниот имот на „Технометал Вардар“ на улица „Македонија“?

Објавено во: Економија 08 Јули, 2020 06:59

Добивај вести на Viber

Позната скопска еснафска и богата фамилија од албанско етничко потекло е новиот сопственик на најголем дел од деловниот простор на „Технометал Вардар во стечај“.

Една од трите најголеми банки во земјава дала одобрение за продажба на илјадници квадратни метри деловен простор на на најпрестижната скопска улица „Македонија“, дознава „Фактор“ од банкарски извори.

Иако засега никој не ја потврдува официјално оваа информација станува збор за продажба на најголем дел од вкупниот деловен простор на поранешниот трговски гигант „Технометал Вардар“ (поточно деловната зграда на компанијата на завзема речиси половина од десната страна на улицата „Македонија“ во правец на Старата железничка станица).

Дознаваме дека купувач на имотот на „Технометал Вардар во стечај“ е сопственик на елитен хотел во Старата скопска чаршија и дека станува збор за голема фамилија познати златари од албанско етничко потекло. 

Засега нема детали за тоа колку е продаден имотот или пак истата банка кај која била хипотеката врз имотот на „Техниметал Вардар“ сега ќе отвори нова кредитна партија на друго правно лице со нова хипотека односно залог врз друг неоптоварен имот што го поседува новиот купувач.

Како што веќе пишувавме некогашниот алфа и омега на македонскиот увоз и извоз, мастодонт на трговијата и извозот на најценетите македонски стоки од кој произлегоа мноштво успешни и помалку успешни бизнисмени е во клиничка смрт.

„Технометал Вардар“ е компанија за која е отворена стечајна постапка која беше иницирана од членовите на органите на управува што само по себе укажува во каква состојба била компанијата и дека немало перспектива за избегнување на најцрното сценарио.

Акцијата на „Технометал Вардар“ е симната од тргување на Македонската берза, а компнијата воопшто не е во листингот на компании кои се објавуваат во регистрите на компании чии акции се тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност. Воедно „Технометал Вардар“ повеќе не е дел од базата податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Технометал-Вардар“ е компанија специјализирана за трговија која во минатото беше синоним за македонскиот извоз. Во осумдесетите години од минатиот век оваа фирма настана со фузија на компаниите „Технометал“ и „Вардар“. „Технометал Вардар“ е позната по тоа што поседува или поседуваше околу 8.500 квадратни метри во строгиот центар на Скопје и го издаваше под наем (објектот е на улица „Македонија“. Воедно оваа компанија поседува и дворно место од 1.250 квадратни метри во центарот на Скопје и уште 1.243 квадратни метри под објект. 

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала