20 Мај, 2024
0.0329

Која е акцијата што носи одлична дивиденда, а ја нема ниту за лек?

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Единствената македонска компанија за производство на хидроизолациски материјали од битумен и годинава солидно ќе ги награди своите стотина акционери. Дивидендата е повеќе од добра и изнесува над 10 отсто од последната пазарна цена на таа акција. Единствен проблем е што нема ни за лек да се купи акцијата на светиниколски БИМ

Светиниколската компанија БИМ ќе исплати над 193.000 евра бруто дивиденда на своите акционери, а нето износот по акцијата изнесува 1.100 денари односно 18 евра, пишува во предлогот што ќе се најде на акционерското собрание на таа компанија закажан за 22 јули годинава. Единствената домашна компанија која произведува хидроизолациски материјали на база на битумен лани остварила добивка од 382.000 евра, а ја завршила годината со приход од 6,9 милиони евра.

БИМ е целосно поседувана домашна компанија, нема акционери од странство. Во својата акционерска структура има вкупно 99 акционери од кои само едно домашно правно лице и уште 98 домашни физички лица.
Најголем акционер и доминантен сопственик на БИМ е Стојанче Стојанов, актуелен претседател на петчлениот Одбор на директори. Тој поседува 53,4 отсто од акциите со право на глас и ќе добие околу 97.000 евра нето дивиденда. Другите 97 акционери физички лица ќе поделат околу 93.000 евра.

Акционерите, доколку биде усвоен овој предлог, ќе ги добијат своите пари на 20 август. Дивиденда ќе носи секоја акција што е истргувана до 10 август. Еден од предлозите на претстојното собрание е во инвестиции да се вложат 150.000 евра.
Освен што е уникат во дејноста, БИМ е веројатно уникат и по тоа што неколку години наназад дели дивиденда, но таа акција не може да се најде и да се купи. Последна трансакција со акцијата на БИМ била на 4 јули 2018 година кога се истргувани 23 акции по цена од 10.100 денари

БИМ е една од петте најголеми и најуспешни компании во економијата на Свети Николе. Таа подели дивиденда во бруто износ од 1.765 денари за работењето во 2018 година и 1.667 денари за работењето во 2017 година. Акцијата на БИМ лани носела нето добивка од 37,5 евра, преклани носела 80 евра исто како и во 2017 година . Од последните три години најдобра била 2018 година кога приходите изнесувале 8,73 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?