21 Мај, 2024
0.0260

Ќе се субвенционираат платите за февруари и март: Во петтиот пакет поддршка за 120.000 работници за два месеци

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Вкупно 29 мерки кои вредат 160 милиони евра содржи петтиот пакет, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Од овие 97,7 милиони евра се директни буџетски средства.

Мерките, како што рече Заев се во четири столбови - директна финансиска помош за секторите, туризам занаетчиство индустрија за настани...

Вториот стол е за ликвидност која ќе се зголемува бескаматни кредити во кои ќе има и неповратна компонента

Третиот е креирање поволно деловно опкружување со ситемско редефинирање, намалување на парафискални давачки, а четвртиот е поддршката за граѓаните.

„Првата мерка е финансиска поддршка за плати за вработените - вредна 1,920 милијарди денари. Ќе се оддржуваат плати за февруари и март годинава со што се очекува да се поддржи исплата на плати на 60.000 работници месечно. Финансиската поддршка ќе биде скалеста од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен за да се поддржат во домашните компании во зависност од тоа колкав е падот на приходот во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година. Значи трите месеци со истите три месеци од претходната година, рече премиерот.

Ги добиваат кои имаат пад во работењето повеќе од 30 отсто во тие месеци.

Мерката 1. е опциона и компаниите имаат можност да ја користат неа или мерката 2. Таа е кредити со камата нула во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватни здравствени установи. Оваа мерка е во висина од 10 милиони евра и може да се аплицира во текот на оваа година. Во зависност од вкупниот поголем обем на работа и добивката скалесто може да добијат и неповратен дел од кредитот од 30 до 50 проценти од самиот кредит.

Ова е последно помагање со плати. Премиерот рече дека државата секако е овде за помош како што ќе има потреба.


Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?