21 Мај, 2024
0.0290

Ќе се договараат деталите за вакцинација на новинарите и медиумските работници

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Деновиве Здружението на новинарите на Македонија ќе оствари средба со претставници од Министерството за здравство со цел да се договорат детали околу вакцинација на медиумските работници. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски за Фактор вели дека динамиката допрва треба да се утврди, и смета дека новинарите и воопшто медиумските работници кои во текот на целиот период на пандемијата на корона кризата беа изложени на ризик од зараза со Ковид-19, треба да бидат во онаа втора група на приоритени граѓани, веднаш по здравствените работници и по повозрасната популација.

-Работната средба ќе ја одржиме во четврток. Очекувам дека наскоро ќе стигнат и поголеми количини од вакцините против Ковид-19 што ќе овозможи непречена имунизација и на медиумските работници кои ќе сакаат да се вакцинираат, бидејќи навистина сиот изминат период медиумските работници постојано беа на терен, бе а во студијата, се мешаа со луѓе заради природата на работата и едноставно заслужуваат да бидат межу првите кои ќе добијат соодветна заштита. Ние би направиле и класификација на оние кои би требало први да отидат, но со оглед на тоа што не станува збор за една огромна бројка, вкупно се околу 1.000 новинари и уште околу 2.000 други медиумски работници мислиме дека ќе успееме во еден период од недела две  да можат сите да ја добијат првата доза. Ние секако на средбата ќе разговараме за процесот и динамиката и ќе утаначиме како сето ова да се преточи во една практика. Дали ќе има посебни списоци, дали ќе се регистрираме во системот за вакцинација, за сите сите овие прашања ќе разговараме во Министерството за здравство, вели Чадиковски за Фактор.

Инаку, во текот на утрешниот ден почнува имунизацијата на здравствените работници во Модуларната болница веднаш до Клиниката за инфективни болести. Тие ќе бидат вакцинирани со вакцините од производителот Фајзер/БиоНтек, кои викендов Македонија ги доби како донација од соседна Србија.

Вакцинацијата против коронавирусот ќе се спроведува исклучиво преку превидениот план кој е изготвен во Националниот план за имунизација на населението. Процесот на вакцинирање на граѓаните ќе се одвива во три фази по приоритетни групи. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“