21 Мај, 2024
0.0282

„Кинески“ автопат ја заглави Црна Гора во долгови

Објавено во: Финансии 28 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Модерен автопат низ Црна Гора од Бар до соседна Србија со кинески кредити ја заглави исплатата на другите давачки во земјата и го зголеми јавниот долг до 80 насто со што нема да може да се подигнуваат „надворешни“ кредити. 

Трошоците за првата делница во меѓувреме достигнаа околу една милијарда евра, или речиси една четвртина од БПД на државата. Останатите три четвртини од автопатот ќе минуваат низ помалку планински терен. ММФ проценува дека тоа ќе чини уште 1,2 милијарди долари.

Откако ќе бидат завршени првите проблематични 41 километри од автопатот низ планински терен на северот на земјата, владата во Подгорица се соочува со тежок избор.

Владата е принудена да ги зголемува даноците, делумно да ги замрзне платите во јавниот сектор и да ги укине бенефициите за мајките, со цел да среди своите финансии.

И покрај тие мерки, долгот на Црна Гора се очекува да достигне 80 проценти од Брутодомашниот производ годинава, и Меѓународниот монетарен фонд оценува дека земјата не смее да си дозволи нови задолжувања за да го заврши амбициозниот проект.

„Овој автопат е голема работа во Црна Гора. Тој ги потсетува луѓето на Тито и на деновите на грандиозните социјалистички проекти во регионот. Но, тоа е замка. Сега откако започна, политичарите не можат да го сопрат- без оглед колкава ќе биде штетата. А искрено и не сакаат“, вели вели академик Младен Гргиќ кој е автор на студија за автопатот.

Владата се надева дека автопатот ќе и овозможи економски напредок, особено во неразвиениот северен дел, ќе ја зголеми трговијата со Србија и ќе ја подобри безбедноста затоа што малите планински патишта во земјата се сметаат за екстремно опасни.

Опцијата која сега се турка е јавно-приватно партнерство во кое надворешен партнер би го изградил и управувал со автопатот, а потоа би го добил на концесија за период од 30 години.



Можеби ќе ве интересира

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата