20 Мај, 2024
0.0269

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Грчкиот „Катимерини“ во денешниот осврт за парламентарните и претседателските избори во Македонија коментира дека уште во недела на закажаната инаугурација на Гордана Силјановска Давкова за нов претседател, ќе се види во кој правец ќе се движат односите помеѓу Скопје и Атина со извесната промена на власта.

- Не интересира во која држава ќе се заколне Силјановска: Северна Македонија како уставно запишана во договорот од Преспа или на непостоечка држава, „Република Македонија“, коментира „Катимерини“.

Ако од утро се гледа денот, во недела со инаугурацијата на претседателот ќе се види дали односите со Атина ќе продолжат да се движат во умерена клима или ќе започне нов период на превирања - Скопје да отвори нов фронт со Грција во моментот кога раздорот со Бугарија ја загрозува европската перспектива на Северна Македонија.

Грчката страна, сепак, изгледа решена да не толерира де факто операција на неспроведување на договорите внатре во земјата, со трикови на новото раководство, пренесува изданието.

„Катимерини“ додава дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се служи со популизам наменет за широките народни маси и земјата ја нарекува „нашата Македонија“.

- Во моментов Грција и Бугарија се во став на чекање и ги чекаат пораките на новата реалност во Скопје, а исто така и сојузничкиот фактор, односно Американците и Европејците.

Во првата реакција од кругови на грчкото МНР неофицијално потенцираа дека новото раководство во Скопје „има обврска строго да го почитува договорот од Преспа кој е меѓународен договор кој произведува обврски за соседната земја и е предуслов за развој на нејзиниот европски пат“, објави „Катимерини“.


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување