21 Мај, 2024
0.0267

КАТИМЕРИНИ: Грција загрижена, „Србија бесна поради односите на Македонија и Косово“

Објавено во: Балкан 22 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Грчките дипломати загрижено го следат развојот на настаните на Балканот, откако Србија го повлече целиот персонал од својата амбасада во Скопје.

Тоа го пишува грчкиот весник Катимерини во онлајн изданието.

Катимерини истакнува дека Белград ги повлекол дипломатите од амбасадата откако ја обвинил Македонија за „офанзивно дејство“ против Србија.

Грчкиот сајт наведува дека Белград изгледа бесен, бидејќи Скопје ги унапредува односите со Приштина.

Катимерини забележува дека спорот следи во време кога Македонија се обидува да ја оживее својата кандидатура за придружување во Европската унија и НАТО, по период кој го одбележаа политички превирања.

Грчкиот весник потсетува дека македонскиот премиер Зоран Заев формирал коалициона влада во јуни, речиси шест месеци по изборите во земјава.

Се нагласува и дека Грција инсистира спорот со Македонија околу името да се реши пред државата да им се придружи на меѓународните сојузи.

Македонската влада претходно соопшти дека при одлучување за членството на Косово во УНЕСКО ќе ги земе предвид ставовите на повеќето земји на ЕУ.

Владата на Заев меѓутоа, соопшти дека „развива пријателски односи со сите соседни земји“, дека во случај на отворени прашања „води политика на добрососедска и регионална соработка“, но дека, што се однесува до гласањето за членство на Косово во УНЕСКО „ќе ги земе предвид ставовите на повеќето земји од ЕУ“.

Можеби ќе ве интересира

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка