21 Мај, 2024
0.0252

Како државата собра многу повеќе пари од данок на добивка и зошто се намалуваат приходите од ДДВ

Објавено во: Финансии 25 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Безмалку 114 милиони евра собрала државата од данокот на добивка во првите пет месеци годинава. Сумата е за дури 27 отсто повисока од истиот период лани. Од Министерството за финансии велат дека тоа се должи на зголемена наплата во повеќе сегменти. Но во истиот период државата наплатила за над три отсто помалку Данок на додадена вредност (ДДВ), данокот кој најдоминантно учествува во вкупните даночни приходи. Дали ќе има и каков ќе биде ребалансот на буџетот најверојатно ќе се знае набрзо.

Ако се анализира само данокот на добивка, од јануари до мај пораснале доплатите по даночни биланси и тоа за дури 34 проценти. Приходите од данокот платен по основ на месечни аконтации се зголемиле за 25,6 отсто. Во истиот период приходите од задржаниот данок за странски фирми се зголемиле за 22,7 проценти. Сепак во првите пет месеци годинава државата собрала за дури 45 отсто помал данок на добивка во споредба со истиот период лани по основ на дивиденди и други распределби од добивката.

Од ДДВ државата инкасирала во првите пет месеци 328 милиони евра, но тоа е за 3,3 проценти помалку во однос на минатата година. На даночните обврзници им е извршен поврат од 150 милиони евра што е за дури 33,4 проценти повеќе од истиот период лани.

Во структурата на ДДВ најголемо е учеството на ДДВ од увоз, кое расте во споредба со лани, додека се намалува кај прометот во земјата.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата