26 Мај, 2024
0.0284

Како да бидете еден од 600 000 работници за Германија?

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Понудата на Германскиот Завод за вработување кој бара дури 600 000 нови работници, за која Фактор неодамна објави, е примамлива за граѓаните, но, сепак, целта не е лесна да се постигне.

Имено, потребно е да се исполнат низа услови, но и да се потроши одредена сума пари, како би се вработиле во некоја германска фирма.

1. За вработување во Германија е потребно да имате работодавач, потоа тој да ви обезбеди работна дозвила и после тоа да добите виза за престојување (работна виза).

2. Неопходно е пред да се обидете да дојдете до работа да проверите дали вашата професија се наоѓа на листата дефицитарни занимања во Германија, а ако тоа е случај, ви следи собирање на документација.

3. Видот на документи може да варира од работодавач до работодавач, но за работна дозвола секако ќе ви треба копија од пасош, превод на диплома, доказ за работен стаж, за познавање на јазик.

4. Примамливата работа, секако, не е лесно да се добие, а пред да почнете да заработувате , неизоставни се и трошоците. Тие се однесуваат на превод на документи на германски јазик, односно услуги на судски превод. Во правило секогаш се доставуваат заверени копии, па и тоа бара одредени трошкови.

5. Трошоците за вадење на работна дозвола во целост се на работодавачот.

6. Еден од трошоците е и самата потрага за работодавач доколку работникот се одлучи да оди во Германија, и таму да бара работа.

7. Работодавач можете да најдете и на веб порталите, како што е порталот за Сојузна агенција за работа во Германија  (www.arbeitsagentur.de). Со оглед на тоа колку овде малку се заработува синдикалците истакнуваат дека интерес за работа во Германија има.

ЗА ДА НЕ НАСТРАДАТЕ: Во Германија се нуди многу работа, но внимавајте!

Но искуството што го имаше соговорникот на Фактор зборува дека ни во Германија не тече мед и млеко. Во Македонија ви ветуваат едно, таму добивате друго.

Целата сторија ТУКА!

На Германскиот завод за вработување (може да погледнете тука) во септември огласени се 600 000 работни места, дури 81 000 повеќе од лани истото време.

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини