21 Мај, 2024
0.0280

Јовановска Типко: Добри односи не подразбираат илузија, туку односи во кои отворените прашања се решаваат преку искрен дијалог

Објавено во: Балкан 08 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Трајно определување на Македонија е развој на добрите односи со сите соседи, изјави македонската амбасадорка во Србија, Вера Јовановска Типко на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Јовановска Типко вели дека тие добри односи не подразбираат илузија за некоја идилична атмосфера, туку односи во кои отворените прашања се решаваат преку искрен дијалог, взаемно почитување и меѓусебна доверба. 

„Токму кон такви односи се стремиме со пријателска Србија, со која не поврзуваат многу елементи од минатото, сегашноста и иднината, а најмногу човечките релации и взаемните симпатии кои се трајна вредност и поттик за континуирано подобрување на односите“ - вели Јовановска Типко.

Таа нагласи дека „Македонија денеска го прославува својот 26-ти роденден под глобалното небо прекриено со темни политички облаци, во подрачје каде што и најмал политички потрес може да предизвика разорно цунами и за момент да го збрише она што со години и децении макотрпно го градиме“.

Јовановска Типко порача дека „Македонија одлично чекори кон зацртаната цел, целосно свесна дека патот кон евроатланските интеграции е поплочен со тешки одлуки, визионерски постапки и тешки предизвици, но тоа е пат кој нема алтернатива“.

На приемот присуствуваа српската премиерка Ана Брнабиќ, претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ, претставници на дипломатскиот кор, како луѓе и од јавниот и културниот живот на Србија.

Можеби ќе ве интересира

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило