И Германците се сиромашни, еве што е кај нив сиромаштија
Објавено во: Економија 04 Март, 2017
Здружението на добротворни организации во Германија објави извештај за сиромаштија.
Според извештајот, 16% од Германците се сиромашни. Но, има многу дискусии околу тоа.
Според дискусиите, сиромашен е оној Германец кој располага со помалку од 60% од просечната плата.
Сиромаштијата се намалила на истокот, а се зголемила на западот од земјата.
Мажите кои се сиромашни живеат за 10.8 години помалку од оние кои се добростоечки.
Кај жените таа разлика е 8 години.
Семејство кое има 2000 евра месечно важи за сиромашно.
Во изминатите години просечната плата се зголемила за 30%.