21 Мај, 2024
0.0259

Хеленик Петролеум ја активираше тужбата против Македонија

Објавено во: Економија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Хеленик Петролеум повторно ја активираше тужбата против Македонија пред Арбитражниот суд во Париз, со кој грчката компанија, сопственик на скопската рафинерија ОКТА бара околу 32 милион евра. Сумата е на име долг во кој се вклучени и камати, а се побарува зошто нашата земја не го испочитувала купопродажниот договор потпишан при превеземањето на ОКТА во 1999 година.

Во април годинава постапката за арбитража еднаш беше запрена, за да има можност да се постигне договор. Временото запирање сепак не резултираше со конкретен исчекор, по што тужбата повторно е активирана.

Хеленик Петролеум бара надомест зошто државата не откупувала по 500.000 тони мазут од ОКТА како што бил и договорот, во периодот од 2008 до 2011 година.

Македонската Влада, бараше решение, но не успеа да го најде, иако претходно веќе изгуби еден ваков спор со грчката компанија.

„Во договорот, има повеќе клаузули, за соработката за градење на нафтовод, а една од клучните е тоа што државата зела обврска да троши 500 илјади тони мазут годишно и доколку тоа не го прави да плати пенали од 29 долари по тон.  По основ на тој спор нашата држава веќе има изгубено една пресуда за периодот од 2007 година, во 2013 година ОКТА еднострано самоволно престанала да работи и да произведува, но за периодот од 2007 до 2013 година има нова тужба. Добро е граѓаните и општеството да знаат дека државата е исправена пред тужба од 32 милиони долари како пенал што го побарува Хеленик петролеум по основ на тој договор, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во април годинава.

Тој истакна дека се разгледуваат сите можности и за барањето на грчката страна за ставање во функција на нафтоводот изграден согласно со Договорот, а за што со арбитражната пресуда од 2007 година е пресудено дека 20 проценти се во сопственост на државата, а останатите 80 на Хеленик петролеум.

Инаку првиот пат, Македонија го загуби спорот и на Грците им плати 40 милиони евра, иако пресудата беше за отштета од 86 милиони евра. 


Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?