17 Мај, 2024
0.0326

ФОКУС НА ДЕНОТ: Македонија ја чека новата методологија, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата за Законот за ЈО

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Шефот на државата Стево Пендаровски, по средбата со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел изјави дека ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија. 

Вели дека процесот мора да биде одржлив. 

Оваа цел е поддржана од широк национален конзенсуз, вели Пендаровски. 

Toj напролет очекува позитивни вести за Македонија.

Мишев побара лидерство, и повеќе опипливи резултати. 

Вели дека реформите мора да продолжат и во следните месеци. 

Мишел нагласи дека се многу важни владеењето на правото и справувањето со корупцијата. 

„Иднината на оваа земја е Европа“, вели тој. 

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски претходно го прими претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој допатува во работна посета на нашата земја на покана на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Премиерот Спасовски го пречека високиот гостин од Брисел и се задржа со него на тет-а-тет разговор.

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата на која требаше да се зборува за Законот за јавното обвинителство. 

Тие бараат државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески да присуствува на разговорите за Законот за ЈО, а СДСМ не прифаќа. 

Опозициската партија ќе присуствува на средбите само ако на средбите присуствува Јовески. Треба да се договори Законот за јавно обвинителство. 

Од ВМРО-ДПМНЕ имаат два предлози. Првиот да се организира јавна расправа на која ќе присустуваат стручњаци од областа на кривичното право, а вториот предлог е и  Јовески да присуствува на овие средби. 

За министерката за првада, Рената Дескоска ова е лошо алиби. 

Средбата денеска траеше многу кратко

Македонија увезла најмногу отпад во периодот од 2010 до 2014 и во 2015 и 2016 година. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека сега се помалку се увезува, а на таа сметка расте извозот на отпад.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против поранешниот новинар и вработен во Централен регистар, Емил Јакимовски,  за загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство, како и за уште едно дело - загрозување на сигурноста по пат на информатички систем.

Иако, Фондот за пензиско осигурување се огласи во врска со ревизорскиот извештај во кој стои дека ПИОМ исплатил 4 милиони евра на починати лица, и изгубил документи за стаж на повеќе од 4.200 осигуреници, сепак на социјалните мрежи по овој скандал многу граѓани обелоденија дека се соочиле со овој проблем и не можеле ништо да сторат.

Увиделе дека им фалат 4,5,6, и повеќе години работен стаж

Ќе и успее ли на власта да го „истурка“ во парламентот предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите на јавните претпријатија формирани од општините? Онака како што сега стојат работите, тоа ќе биде многу тешко, бидејќи опозицијата жестоко се противи на таквата намера.

Македонија увезла лани речиси 9.000 тони или точно 8,9 милиони килограми машински обезкостено месо со кое домашни компании направиле виршли и посебни салами. Законски увозот е дозволен иако во Европската Унија регулативата за употреба на оваа суровина е поригорозна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за Фактор велат дека редовно земаат мостри за лабораториско испитување при увоз или при сомнеж, но дека вршат и инспекциски контроли на готови производи.

Тутунската индустрија се менува и следејќи ги новите тенденции, својата иднина ја гради на производите со несогорлив тутун. Овие производи, што го загреваат, а не го согоруваат тутунот, се следната фаза во развојот на индустријата.

Агенцијата за електронски комуникации ги објави анализите за големопродажниот пазар во јавната мобилна комуникациска мрежа, за која допрва ќе се дебатира, но генералните заклучоци се дека во следните три години нема да влезе трет голем мобилен оператор кој ќе му конкурира на дуополот и дека во тренд ќе биде зголемувањето на услугите, а не намалувањето на цената.

Американците го „окупираа“, но Швеѓаните ќе ја понесат титулата за незаборавен собир на бизнис и политичката заедница во Давос.

Секоја година традиционално се одржува „Шведскиот ручек” како дел од Светскиот Економски Форум, а под покровителство на кралското семејство на Шведска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање