19 Март, 2024
0.0259

Фактор репортажи од Давос: Како Шведска доминира на Форумот?

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Американците го „окупираа“, но Швеѓаните ќе ја понесат титулата за незаборавен собир на бизнис и политичката заедница во Давос.

Секоја година традиционално се одржува „Шведскиот ручек” како дел од Светскиот Економски Форум, а под покровителство на кралското семејство на Шведска.



На врвот на магичната планина како што го нарекуваат Давос, се наоѓа ресторанот “Шцалп” со поглед кој никому не остава рамнодушен. Овој ресторан бил сосема заборавен од сите, се додека блиски пријатели на принцот не го откриле пред неколку години. Оттогаш, кралското семејство секогаш го одржува „Шведскиот ручек” во Шцалп и ги воодушевува сите.


Темата на ручекот беше во фокус на климатските промени, а Швеѓаните го отворија настанот токму со договорот кој го склучиле заедно со уште четири земји членки на Светскиот енергетски совет до 2045 година да бидат земја без загадување.

Она што ме изненади беше непосредноста на принцот Даниел кој седеше до првиот ред, но до него столчињата беа необележани, а сите делегати и гости можеа да изберат каде ќе седнат без протоколарни насоки. Бизнис ручекот беше за сите гости, а принцот се погрижи да го покаже тоа преку неформалните средби со секој што ќе му пријдеше.

Неколку панел дискусии кој се одвиваа на отворено, во снежната градина на Шцалп беа потвторни со претставници на инвестициски фондови, но и активисти, а моето мислење и она што континуирано се слуша на секој панел на форумот е дека климатските промени ќе влијаат врз економијата и кредитниот рејтинг.


„Ни беа потребни 150 години да се согласиме како да го измериме профитот, го немаме тоа време за одржливоста на нашата планета денес, изјави Ник Говиг од ББС.

“Секоја инвестиција која ја правиме ќе биде најпрво измерена преку целите на одржливиот развој. Покрај кредитниот рејтинг ќе се воведе и рејтинг на одржливост. изјави Ричард Матисон од С&П, агенција која го мери кредитниот рејтинг на инвестициите.

„Пред 4 години, Шведска, Франција, Велика Британија и Данска формират централни банки на одржливост надвор од Г7. Денес имаме 53 такви банки,  изјави претседателот на Англиската Банка.

Најголемо внимание привлече панелот со извршниот директор на Ламбургини, Стефано Доминикали и Натали Робик, извршен директор на Волво. Лабургини работи со Институтот за технологија од Масачусетс на развој на таканаречени хибрид (hybrid) модели, и истакна дека следниот модел на ламбургини ќе биде токму хибрит. Стефано се пожали од недостатокот на квалитетна работна сила, а се пофали дека еден од бенефитите за своите работници е што покрај одличните услови за работа сите работници добиваат SUV или Ауди. 


За Фактор од Давос, Аријана Коскарова, Форбес под 30 и спикер на годинешниот форум во Давос 


Можеби ќе ве интересира

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?