19 Март, 2024
0.0257

Нема да има трет мобилен оператор кој ќе конкурира во Македонија, ќе се зголемуваат услугите

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации ги објави анализите за големопродажниот пазар во јавната мобилна комуникациска мрежа, за која допрва ќе се дебатира, но генералните заклучоци се дека во следните три години нема да влезе трет голем мобилен оператор кој ќе му конкурира на дуополот и дека во тренд ќе биде зголемувањето на услугите, а не намалувањето на цената.

Ова е трета ваква анализа за одрживоста на конкуренцијата на препорака на Европската комисија, а последната беше во 2015 кога Македонски Телеком и Оне.Вип (сега А1 Македонија) се етаблираа како оператори кои поседуваат значителна пазарна моќ на пазарот.

Според заклучоците во анализата, регулаторот е песимист дека во иднина ќе има простор за трет конкурентен оператор. Таму се вели дека актуелните прописи го дозволуваат тоа, но како прво и основно самите процедури се сложени и евентуалните заинтересенти ќе наидат на процедурални бариери од државните органи.

Во моментов не би се исплатело да се гради трета комуникациска мрежа, а според директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, актуелен во иднина ќе биде работата на виртуелните оператори како што се сега Лајкамобајл и Роби, а компаниите од друга страна ќе бидат резервирани затоа што во моментов го набљудуваат пробивот на 5 Г технологијата.

- Виртуелните оператори се повеќе ќе навлегуваат на пазарите, како што тоа на пример е во една Јапонија. Од друга страна никој не сака да избрзува во период кога се води расправа за 5Г технологијата. Мислењето е дека цените во моментов во земјата се на задоволително ниво и дека сепак конкуренција има. Во иднина нема да има намалување на цената, туку ќе се води натпревар во зголемувањето на услугите, поради тоа што ќе се користи нов спектар на фреквенции и нови технологии, вели Димитријоски.

Според анализата, двата доминнантни оператори веќе имаат стабилна мрежа и се добро етаблирани на пазарот така што нема да му дозволат на трет оператор да им конкурира со цени. Тие веќе имаат гоеми бази на претплатници, кои се особено врзани со услугите кои одат во пакет. Од друга страна изградбата на сопствена мрежа, односно антенски столбови и базни станици и други скапи елементи би создало големи влезни трошоци, а исто така би биле потребни огромни средства за промоција кај потенцијалните претплатници. Тоа би предизвикало неповолна ситуација во однос на постоечките конкуренти, кои во оваа ситуација свесно би ги намалиле цените привремено за да го истиснат третиот „играч“.

- Самите денешни трендови укажуваат дека ниту еден оператор повеќе не сака да гради, односно да ја одржува својата мрежа. За тоа веќе им се нудат посебни компании кои би го работеле тоа наместо нив. Пазарот во земјата е отворен и законски ништо не би го спречил новиот инвеститор да влезе на пазарот во Македонија, но актуелната ситуација во наредните три години реално не би го дозволила тоа, додава Димитријоски.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?