Пендаровски: Ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020
Шефот на државата Стево Пендаровски, по средбата со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел изјави дека ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија.
Вели дека процесот мора да биде одржлив.
Оваа цел е поддржана од широк национален конзенсуз, вели Пендаровски.
Toj напролет очекува позитивни вести за Македонија.
Мишев побара лидерство, и повеќе опипливи резултати.
Вели дека реформите мора да продолжат и во следните месеци.
Мишел нагласи дека се многу важни владеењето на правото и справувањето со корупцијата.
„Иднината на оваа земја е Европа“, вели тој.
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски претходно го прими претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој допатува во работна посета на нашата земја на покана на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Премиерот Спасовски го пречека високиот гостин од Брисел и се задржа со него на тет-а-тет разговор.
На средбата претседателот на Владата Спасовски изрази благодарност за зголеменото внимание и отворените јавни изјави за поддршка за што поскоро отворање на пристапните преговори уште на почетокот од преземањето на мандатот на Претседателот на Европскиот Совет, Мишел, и изрази очекување дека датумот за старт ќе дојде бргу по усвојувањето на новата методологија за проширување, откако земјите членки на ЕУ ќе дадат согласност за усвојување за да се испочитуваат ветувањата дадени за Северна Македонија во изминатиот период.