17 Мај, 2024
0.0312

ФОКУС НА ДЕНОТ: Јанева и Стефанова разменија „тешки“ зборови, власта преземa мерки против аерозагадувањето

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Драматичен крај на денешното судење за случајот „Рекет“ на кое сведочеше поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство Лиле Стефанова. По деталите кои ги изнесе Стефанова за тоа како Јанева влијаела за осомничените во случаите кои ги водеше СЈО, поранешната специјална јавна обвинителка Јанева почнала да дофрла по што реагирала судиката Васка Николовска Масевска. 

На одење Јанева рекла „Гомнарке и ороспијо една“.

„Надвор изнесете ја обвинетата од судница“, наредила судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата, јавуваат медиумите.

Кога заминувала Јанева им се обратила на новинарите и им рекла - „Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“.

Обвинителката Лиле Стефанова објасни дека Катица Јанева барала од нејзе да потпише налог според кој дел од обвинетите од случајот „Империја“, наместо во притвор да заминат во домашен притвор, пренесува Лидер.мк.

Стефанова со тоа не се согласувала и поради тоа Јанева ги собрала сите обвинители на состанок. Таму им рекла дека Камчев, но и Мијалков, Јанакиески и Божиновски треба да заминат во домашен притвор.

„Тие нема да бегаат. Ова е важно и за донесување на законот за јавно обвинителство“, и рекла Јанева на Стефанова

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за Рекет во кривичниот суд откри многу интересни детали за предметот Империја. Таа тврдеше дека нејзината поранешна шефица Катица Јанева ја терала да го затвори предметот Империја против Орце Камчев. 

Стефанова рече дека Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор Камчев и Панделевски, како и уште тројца осомничени во Империја.

Барам објаснување од денешниот сведок во случајот „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова да каже дали видела мој допис, потпис или прави претстава во празно, вели Наташа Савова за Фактор и вели дека тврдењата на Стефанова се паушални. Поранешната обвинителка од СЈО Стефанова денеска во судницата реше дека еднаш кога дошол кај неа осомничениот во „Империја“ Орце Камчев донел писмо за кое тврдел дека го напишала Савова

Владата соопшшти дека стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички.

„Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 175 mg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година), е надминат на мерните места во Скопје – Карпош и Лисиче и Тетово. Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Градот Скопје и Тетово стапуваат на сила следните препораки и мерки“, соопшти Владата

Кичевецот Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, повторно објавува прислушувани материјали за високи функционери на ДУИ

“Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група.“

А јас ете се прашувам, остана ли еден нормален човек во земјава? Ќе ги откривале мотивите за споделување и ширење на фотографии на гениталии од страна на деца. Ма не ме зезај.

Ќе позајмува од домашни банки, но и во следните години државата ќе го сервисира долгот со издавање државни хартии од вредност на домашниот пазар. Сепак задолжувањата ќе се се подолгорочни и повеќето нема да се со девизна клаузула

Социјалното претприемништво може да понуди многу решенија за одржлив развој за отворање на нови можности за младите генерации да ги реализираат своите бизнис идеи до дополнителна вредност во општеството.

Од 13 компании кои управуваат со приватни високообразовни организации (универзитети и факултети) нема ниту една што работела со загуба. Најголемата има приход од 2 милиони евра, а најмалата од 230.000 евра. Кај 4 од 13 профитите изнесуваат најмалку 20 отсто од остварените приходи

Во рамките на Економскиот Форум во Давос се одржува и Технолошкиот парк, во кој оваа година во фокусот се две насоки - вештачка интелигенција и финансиски технологии.

Всушност, најголемиот дел од инвеститорите на Форумот се токму во делот на крипто и блокчејн технологии.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање