Се јави Ел Чека со нови „бомби“
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020
Кичевецот Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, повторно објавува прислушувани материјали за високи функционери на ДУИ.
Тие според него, се вклучени во омаловажувачки дејствија, a се истакнува и случајот со убиството на Харун Алиу.
Разговорите се водат главно помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети со спикерот Талат Џафери, Блерим Беџети и Муса Џафери, но и други разговори.
Објавувањето на прислушувани разговори од Ел Чека доаѓа четири дена откако кичевскиот суд го осуди на една условна година затвор, ако во наредните две години не направи ново кривично дело. Ел Чека претходно најави дека во мај може да се врати во земјава. Адвокатот на Ел Чека најави жалба до Апелациониот суд.
Момчето од Чикаго објави десетина „бомби“ за челници на ДУИ, односно сегашни и поранешни функционери на партијата, а му се судеше во отсуство. „Ел Чека“ тврдеше дека снимките ги добил од тројца обвинети во Диво Насеље.
Поранешниот премиерот Зоран Заев лани во јули изјави дека е згрозен од разговорите и дека „Ел Чека“ ќе одговара.