23 Април, 2024
0.0297

ПРАШАЊА ШТО НЕ МАЧАТ: Зошто за куќниот притвор на Камчев молчеле сите обвинители освен Ајро

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за Рекет во кривичниот суд откри многу интересни детали за предметот Империја. Таа тврдеше дека нејзината поранешна шефица Катица Јанева ја терала да го затвори предметот Империја против Орце Камчев. 

Стефанова рече дека Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор Камчев и Панделевски, како и уште тројца осомничени во Империја.

Една од најинтересната работа што ја кажа поранешната обвинителка од СЈО, е тоа што кога Јанева барала притворот да се замени со куќен, освен Артан Ајро, на состанокот молчеле сите други обвинители.  

„Рече дека тоа е важно за процесите за донесување на законот за јавно обвинителство. Се побуни само обвинителот Артан Ајро, а другите си молчеа“, сведочи Стефанова, по што рече дека не можела да сфати како Камчев и Панделевски имаат врска со законот за јавно обвинителство. 

Според Стфанова, Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори. Рече дека во тие моменти сакала да си даде оставка и да излезе пред медиумите.

По тој состанок мерките притвор биле заменети со куќен притвор сè до февруари лани,  кога Врховниот суд ги укина мерките. 

Инаку, политичари, бизнисмени, познати судии и обвинители ургирале во предметот Империја за време на предистрагата за бизнисменот Орце Камчев.

Стефанова во сведочењето раскажа и низ какви притисоци минувала веднаш по отворањето на истрагата против Орце Камчев, Цветан Панделески, Сашо Мијалков и останатите од осомничената група.

„Кога го викнав Камчев во СЈО од притвор, тој искористи еден момент и ми извади еден лист хартија и рече - читај за да се запознаеш со мене. Горе на листот стоеше лого ’Аџибадем Систина‘. Ми рече да не го читам кириличниот текст, туку тој на латиница. Текстот беше напишан од Наташа Савова. Ми беше препорачано да разговарам со Сашо Мијалков за мое ослободување од оваа истрага. Камчев ми укажа дека многу луѓе се околу него и може да влијае на истрагата. Во текстот од Савова пишуваше дека за Камчев во пакет ќе се предвидат многу мерки за кои ќе се погрижи таа“, сведочеше Стефанова.

Ова Стефанова и го кажала на Јанева, но таа ништо не одговорила. 

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор