19 Април, 2024
0.0297

Ексклузивни репортажи за Фактор од Давос: Која гранка ќе отвори 133.000 работни места до 2025?

Објавено во: Свет 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во рамките на Економскиот Форум во Давос се одржува и Технолошкиот парк, во кој оваа година во фокусот се две насоки - вештачка интелигенција и финансиски технологии.

Всушност, најголемиот дел од инвеститорите на Форумот се токму во делот на крипто и блокчејн технологии.

Настанот го водеше уредникот на Блумберг, Марк Бартон, а првиот дел од технолошкиот парк посветен на вештачката интелегенција го отвори Риа Прасад, претседател на Европската комора на дигитални технологии, математичарка која кариерата ја започнала во НАСА, а учествувала и во создавањето на Мајкрософт Ексел. Таа раскажа дека вештачката интелигеција се создала како одговор на потребата од предвидување. Првиот софтвер за предвидување, кој имале за задача да го направат во НАСА, бил токму за времето, односно да се предвиди какво ќе биде времето во наредните денови, и токму во функција на тргувањето со енергија.

Извршниот директор на „Кока Кола“, Алан Боем, кој сега премина во „Проктер и Гембл“, започна со тоа дека вештачката интелигенција е најголемата револуција во светот. Доколку компанијата не користи вештачка интелигенција, нема да постои до 2030 година. Наскоро ќе можете да купите паста за заби од „Проктер и Гембл“ со вграден сензор, кој ќе ви каже дали вашето дете правилно ги мие забите, додека вие седите во дневна.

Марк Миневич пренесе дел од заклучоците на Технолошкиот Совет на Светскиот Економски Форум, а тоа е дека до 2025 година се очекува 52 отсто од нашата работа да биде направена од когнитивни агенти и машини. Околу 133 милиони нови работни места во областа на вештачка интелигенција се очекува да бидат отворени - вештачка интелигенција во медицина, во образование, во енергетика итн. 

Интересна беше дискусијата во која се вклучи и Невил Теагарден од АИ Капитал, кој за инвестициите во вештачка интелигенција нагласи дека имаат и многу висок ризик.  

„Инвестициите во вештачка интелигенција се со огромен поврат, но и со многу висок ризик. Како инвеститори ние бараме уникатни програми кои ќе го променат општеството, а ова е и почетната точка за менаџмент со ризици. Сценариото е следно, секоја масивна инвестиција носи и масивен ризик. Корпорациите, владите можат да го преземат тоа, но не и индивиуални фондови. Ние за да можеме да го менаџираме тој ризик мораме да инвестираме во работи што ќе ни донесат повраток на инвестиција за кратко време“, рече Теагарден.

Импресивна беше презентацијата на Јурген Шминдхубер кој е всушност професорот кој стои позади звучниот алгоритам, кој го користат Алекса, Сири, Фејсбук, Гугл итн. Се надевам дека ќе биде наш гостин на Балкански претприемачки самит оваа година. Нашата земја и компаниите можат да имаат голем бенефит од неговото знаење.

За крај би сакала да ја завршам оваа колумна со интересна фотографија од најновото откритие на секторот на креативни технологии на НАСА. Марко Темптест во живо презентираше како изгледа „зголемена реалност“ ( augmented reality). На едната страна се движеше самиот тој и секој збор што ќе го кажеше, телевизорот го прикажуваше како реалност одма до него. Накратко, неговите мисли беа прикажани во реално време на слика до него.

За Фактор од Давос, Аријана Коскарова, МБА и спикер на годишениот форум во Давос 

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија