ФАКТОР НА ДЕНОТ: Засега нема затворање на границите кон Србија и Косово, денес нови 7 жртви на вирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јули, 2020
ЗАСЕГА НЕМА ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ КОН СРБИЈА И КОСОВО
Комисијата за заразни болести претпладнево имала комуникација со претставници на околните земји и до крај на денот се очекуваат информации за состојбата со корона вирусот во целиот регион.
Ова од Охрид денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.„Комисијата ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји. Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, има се повеќе пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови заразени. Имаме податоци за поголем број заразени и во околните земји. Утрово на Комисијата за заразни болести направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот“, потенцираше министерот Филипче во изјава за медиумите.
165 новозаразени во последните 24 часа и 7 починати пациенти е најновата статистика што ја соопшти Министерството за здравство.
Направени се вкупно 1454 тестирања, а нови регистрирани има во градовите: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г). Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.
„БОМБИ“ ЗА ЗАЕВ И ЈАНУШЕВ
Нови аудио снимки на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев беа објавени денеска на јутјуб. На овие се слуша разговор со друго лице и Заев, но гласот на непознатиот е мутиран. Овие два разговори се објавени од каналот Бране Капитал.
Во разговорот Заев и соговорникот зборуваат за Бранко Црвенковски.
Зоран Заев: Јас го презедов СДСМ и јас го финансирам сам СДСМ. Не ми треба ни Бранко ни луѓето на Бранко. Го терам сам. Да заврши едно миље на Бранко целосно во СДС.
ХХ: Како ќе заврши?
Зоран Заев: Како? Он нема никакво влијание во СДСМ.
ХХ: Он нема влијание во СДСМ?
Зоран Заев: Бранко…
ХХ: Зоки многу го потценуваш човекот.Нови телефонски разговори се објавени денеска на јутјуб. Во нив се слуша гласот на Игор Јанушев, носителот на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорите тој зборува со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Разговорите се објавени на јутјуб каналот Обнова на режимот, а во нив Јанушев зборува за обезбедени гласачи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ