ЖЕСТОК СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Не доставуваат препорака до Владата за затворање на северната граница
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020 12:39
Жестоки
несогласувања имало меѓу членовите на Комисијата за заразни болести денеска околу
прашањето затворање на граничните премини со соседна Србија и Косово, поради влошувањето
на епидемиолошката состојба во двете
земји, односно наглото зголемување на бројот на заразени со корона вирусот.
-Поради немање заеднички став околу ова, Комисијата за заразани болести нема да достави препорака до Владата. Имавме многу несогласувања меѓу самите себе, и не дојдовме до една заедничка одлука, така што нема што да препорачаме. Ако сега ги затвораме, зошто брзавме да ги отвориме. Затоа, нека одлучат во Владата како да се постапи во однос на евентуално затворање на границите, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.
Оттаму, сметаат дека е и крајно време на работа да се вратат и лицата со хронични болести кои четири месеци седат дома поради кризната состојба, а како што велат, земаат цела плата.
-Сметаме дека и тие луѓе треба да почнат да доаѓаат на работа. Не зборуваме за малигноми, за луѓе со канцер, и така натаму, заболувања кои се животозагрозувачки, но оние кои своето хронично заболување го држат под контрола, може да се вратат на работа, велат од Комисијата за заразни болести.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




