„ДА БИДЕМЕ НА ЧИСТО, БОРЦИТЕ НА УЧК БЕА ТЕРОРИСТИ“: Најчевска вели во Владата тогаш имало претставници на албанска политичка партија
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2024
Ајде да бидеме на чисто.Борците на УЧК беа терористи. Во тоа време во владата на државата има претставници на албанска политичка партија, вели професорката Мирјана Најчевска.
Како што напиша таа на фејсбук, „договорот од Охрид е мировен договор со еднократна важност. Дел од него е и помилувањето на терористите ама не и на нивните водачи. Тие требаа да бидат осудени.
Жртвите на овој вештачки продуциран вооружен конфликт беа бесмислено непотребни и целото учество на етничките Албанци во власта по 2001 година е врз лажна основа и спротивно на основната идеја на
охридскиот договор - градење на граѓанска држава.
Вистинската демократија создава простор за различноста, за развој на етницитетите и заштита на правата на малцинствата“, напиша таа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.