29 Март, 2024
0.0255

КОГА НА КАФЕ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ - Комисијата уште долго нема намера да попушти за протоколот

Објавено во: Економија 03 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови кога епидемијата на коронавирусот во земјава не попушта, Комисијата за заразни болести уште нема намера да го олабави Протоколот за работа на кафулињата, односно да дозволи на иста маса да седат по четворица гости, доколку тие не се од исто семејство.

Нема информации кога би можела да се смени оваа точка од протоколот.

Од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека бројките на новозаразени во земјава што се регистрираат во текот на секој нов ден, се уште се многу високи, за тие да одлучат да го променат претходно утврдениот протокол.

„Оној момент кога ќе почнат бројките да паѓаат, односно кога ќе сметаме дека не постои понатамошен ризик од ширење на заразата со КОВИД-19, тогаш ќе дадеме предлог за промена на протоколот, а потоа и негова примена во кафулињата. Се дотогаш ќе важат оние протоколи кои прво ги предложи Комисијата за заразни болести, за потоа ги усвои Владата“, велат за Фактор извори од Комисијата.

Некои владини извори, пак, велат дека е можно Комисијата уште долго да не дозволи промена на овој протокол, со оглед што граѓаните, особено младите, засега навистина не се волни да ги почитуваат препорачаните мерки на заштита. 

Во меѓувреме, угостителите реагираат дека оваа мерка на терен е неспроведлива.

„Сто пати кажавме дека оваа мерка не функционира и е неспроведлива на терен. Тоа на сите ни е јасно, и затоа голем број пати баравме промена на тој дел од Протоколот. Инаку, од самиот старт протоколот е неколку пати променет, во смисла дека прво се дозволи да се смени условот една маса да биде на простор од 9,6 метри квадратни, и се дозволи раздалеченоста меѓу столчињата да биде на 1,5 метри, потоа се дозволи работа на угостителските објекти после 22 часот, а потоа, со најновата измена на протоколот, се дозволи работа и во внатрешните простории на локалите. Сите тие промени се направија, само не и таа да може четворица гости на една маса да не мора да бидат од едно семејство, и покрај тоа што има големи негативни ефекти врз економските оператори од угостителскта дејност“, вели за Фактор Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора.

Каква е состојбата конкретно на терен, според информациите на Фактор, одредени локали сепак дозволуваат на иста маса да седнат и по тројца или четворица, без да се провери дали тие се или не се од исто семејство. Други кафулиња, пак, воопшто не ни дозволуваат да влезат повеќе од двајца, доколку е евидентно дека не се родители со деца, кко што налага точката од протоколот.

Пазарните инспектори, во присуство на припадници и на Финансиската полиција, постојано се на терен и проверуваат кој ги почитува правилата.

Ангеловски вели дека за прекршување на протоколите се предвидени казни, со тоа што тие се различни, па доколку некој од угостителите има направено повеќе прекршоци, може да заработи и повисока глоба.

„Најмногу овој протокол се почитува во главниот град на земјава, бидејќи и контролите тука се најсилни и најзачесетени, додека, пак, во градовите од внатрешноста одредени угостители се случува и да не ја почитуваат таа мерка. За волја на вистината, досега од членките на комората имам добиено записници од Пазарна инспекција, а се уште не и казни“, вели потпретседателот на Туристичко-угостителската комора.

Од друга страна, во рестораните, односно во објектите каде што се служи храна, согласно протоколот за нивна работа, кој е различен од оној за кафулињата, дозволен е максимален број од 12 лица на споени маси, заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри. 

Зошто тоа не се дозволува и во кафулињата, угостителите не знаат, но претпоставуваат дека се смета дека во рестораните гостите исклучиво седат, додека во кфулињата е можна поголема раздвиженост, па затоа и таму мерката е построга.

Инаку, во угостителските објекти се уште не е дозволена музика, што исто така ги зачудува од угостителскиот сектор, дотолку повеќе што од неодамна беше дозволено и одржување на концерти, откако за тоа беа донесени соодветните протоколи.

Една работа е сигурна, велат сопствениците на локалите, овој протокол, вака како што е сега направен, угостителите ги тера или да не го почитуваат, или бизнисот да им биде сосема неисплатлив.

Сепак, оваа комора сега е повеќе сконцентрирана на барање да се донесе Протоколот за организирање свадби, како и да се прифатат измените што ги бараат сопствениците на тие објекти, за што Комисијата за заразни болести треба да донесе одлука во вторник идната недела. Овие угостители сметаат дека одржувањето на свадби и други прослави е многу побезбедно кај нив, отколку тоа давсе прави во приватни дворови или станови, кааде што не се почитуваат безбедносните протоколи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат