ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Фросина Кулакова бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2025 22:37
КУЛАКОВИ БАРААТ ДИСЦИПЛИНСКА ЗА СУДИЈКАТА
Неколку барања испрати семејството на загинатата Фросина Кулакова од протестот попладнево по пресудата од 12 години за Васил Јованов, кој ја прегази на Партизанска на почетокот на годинава.
Бараат Апелација да пресуди максимална казна од 20 години за Јованов, да се поведе дисциплинска постапка за судијката што му пресуди 12 години затвор, да се даде одговор дали имало влијанија врз пресудата, се дел од барањата на семејството.
ТАРАВАРИ УТРЕ ЌЕ ЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТА
Министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ 24 вели дека тој ќе ја поднсесе оставката утре. Очекува за останатите негови функционери да има разрешување. Тврди дека и двајцата заменици, но и вицепремиерот Арбен Фетаи ќе го следат. За разлика од Таравари, висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Фетаи останува во Владата. Фетаи и денеска како и вчера ја повтори изјавата која ја даде за ТВ 24, дека уште е рано за одлука.
ОБЈАВЕНИ СЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ
Дел од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се соочуваат со големи проблеми по враќањето дома, поради недостиг на соодветен третман за нивните изгореници или пак поради недостиг на други потребни елементи.
На социјалните мрежи организациајта „Супорт Кочани“ (Поддршка Кочани) сподели вознемирувачки фотографии од дел од пациентите за кои, според нивните објави, не можат да бидат третирани во Кочанската болница.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




