Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!
Објавено во: Економија, Анализа 14 Мај, 2025 08:20
Што значи, во економска смисла, град со петнаесетина илјади жители на најфреквентата македонска граница? Комбинација од бизниси на лесна индустрија, производство на конзервирана храна, неизбежните казина за забава на соседите од Грција, локални ланци за малопродажба и неизбежните погранични шпедитерски услуги.... Вo 2024 година најголемите фирми во Гевгелија (со приходи над 5 милиони евра) внесоа фантастични 225 милиони евра во гевгелиската економија....
Гевгелија лани имала 14 компании кои успеале да остварат приход поголем од 5 милиони евра годишно. Сите овие компании заедно оствариле приход поголем од 225 милиони евра. Овој параметар значи дека Гевгелија е значајна македонска економска заедница иако има само 15.000 жители.
Традиционалните трговски врски со Солун и непосредната близина до границата со земја членка на Европската унија во примерот со Гевгелија ги покажува сите свои предности.
Во структурата на компании според приходи доминираат двете големи интернационални „куќи за забава“ односно компании за организирање игри на среќа и казина. Тоа се казината на „Принцес“ и на „Макотен“. Инаку најголема гевгелиска фирма е „Конти хидропласт“ лесна индустрија за производство на пластични профили и продукти претежно со примена во градежништво и изградба на комунална инфраструктура.
Тука се и трите најголеми производители на свеж и конзервиран зеленчук и овошје од родните полиња околу Гевгелија и соседните општини на македонскиот југ. Тоа се „Випро“, „Дием ГП“ и „Вори“.
И секако, штом градот е на најфреквентата македонска граница, неизбежно е да има голема шпедиција. Локална, секако. Тоа е „Унико Роза“.
На листата на најголеми гевгелиски компании, во значајна мерка благодарејќи на дневните посети на Грци од населените места долж границата“ се две локални малопродажни ланци супермаркети „Ветеринар“ и „ Солун 53“.
НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ СПОРЕД ПРИХОД ВО 2024 ГОДИНА
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




