14 Декември, 2025
0.3262

КОЧАНЧАНИ ГИ ОДЛОЖУВААТ ВЕСЕЛБИТЕ: Велат на никој не му е дојдено до музика, ќе треба време за нормализација

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2025 08:36

Добивај вести на Viber

Од угостителските објекти во градот Кочани велат дека жителите ги одложуваат семејните веселби, затоа што сега на никој не му е дојдено до музика и ќе треба време  состојбата да се нормализира, по пожарот кој се случи на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 луѓе. 

Додаваат дека бројот на свадби е помал од претходно, а оние собири кои се прават со цел да се одбележи некој важен настан, се без музика. Според угостителите, барем една година ќе помине дури градот да се врати во нормала. Објаснуваат дека траорната атмосфера од загубата на младите животи ги мачи сите.

„Има некои што одложиле поради трагедијата, а некои си прават свадби. Намален ќе е бројот на свадби. Идната година може да се вратиме во нормала. Тешко ќе биде многу. Се чувствува таа тажна атмосфера во градот. Немало досега вакво нешто, освен во време на короната кога состојбата беше катастрофална за угостителите“, велат од кочански ресторан.

Во пожарот имаше и околу 200 повредени, а дел од нив уште се на лекување и нивното опоравување ќе трае со месеци или со години.

„Нема закажано веселби кај нас поради трагедијата. Нема славење на матури, нема родендени, жива музика нема и нема да има во следниот период. На никој не му е дојдено до музика. Година ќе треба најмалку за да се вратиме делумно во нормала, а за целосно да се вратиме по старо да функционираме, ќе треба повеќе време. Единствено се собираат за пензионирање по 10-15 души, да почестат, без музика и тоа е тоа. Имаше една веридба без музика, вечераа луѓето и си отидоа колку да одбележат“, додаваат од друг угостителски објект во градот.

Луѓето велат дека колективната траума и тага не се надминуваат брзо и лесно.

„За мали деца само има прослави за родендени, по 10 до 15 луѓе, без музика“, рекоа од угостителски објект во Кочани.

Радмила Манчевска, психолог и гешталт психотерапевт од Виница вели дека погоден е поширокиот регион, не само Кочани, затоа што тоа се мали места и луѓето се познаваат. Додава дека најтешко им е на оние кои се директно погодени од катастрофалниот пожар.

„Колективната тага и траума се комплексни процеси и треба време за да се надминат тие работи. Тоа ќе остават траен белег во однос на начинот на живот и начинот на комуникација, славење на одредени прослави. Се чувствува веќе, славењето не е со истиот интензитет како претходно. Најтешко им е на тие што се погодени и роднини, пријатели, сепак Кочани е мало место, тука се вклучени и околните места, ние се познаваме едни со други. Влијае на целокупниот начин на живот, зборувам за оние кои не се погодени, а оние кои се погодени навистина треба време и на различен начин тоа ќе го примаат. Јас работам и со семејства и со деца кои биле во болница, трае процесот на соочување со тие трауматски искуства и лечењето на последиците“, раскажува Манчевска.

Семејствата на загинатите маршираа во родното Кочани, но и во Скопје. Тие бараат правда и случајот да не се заташка. За лекување на повредените помогнаа многу земји и тоа Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Турција, Шпанија, Шведска, Полска, Литванија и други.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Ajta

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина