РАСТЕ КРЕДИТИРАЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ – индустрискиот сектор најголем корисник на банкарските заеми
Објавено во: Финансии 14 Мај, 2025 07:43
Комерцијалните банки стануваат поотворени кон компаниите, и кон кредитирањето на бизнис заедницата. Во последниот извештај на НБРСМ за ризиците во секторот се објавени и податоци за кредитирањето, во кој може да се види дека кредитирањето на компаниите расте.
- Кредитирањето на нефинансискиот сектор забележа забрзан раст во текот на 2024 година, достигнувајќи стапка којае највисока од втората половина на 2009 година наваму. На крајот од 2024 година, вкупните кредити на нефинансискиот сектор пораснаа за 49.365 милиони денари или за 11,2 отсто во однос на 2023 година. Кредитирањето на претпријатијата и на домаќинствата се зголеми, а околу 60 проценти од растот отпаѓа на зголеменото кредитирање на претпријатијата. Анализирано по одделни банки, раст на кредитирањето бележат единаесет од вкупно дванаесет банки, а растот најмногу произлегува од повисокото кредитирање од страна на големите банки– појаснуваат од НБРМ во извештајот.
Притоа додаваат оти обемот на новоодобрени кредити на нефинансискиот сектор во 2024 година е повисок за 10,2 отсто и е во склад со растот на вкупните кредити. По сектори, забележително зголемување на новоодобрените кредити има кај претпријатијата за 11,7 проценти и кај домаќинствата за 8 отсто.
- Кредитирањето на претпријатијата значително забрза во текот на 2024 година и ги надмина стапките на висок годишен раст од 2021 и 2022 година. На 31.12.2024 година, вкупните кредити на претпријатијата беа повисоки за 29.342 милиона денари или за 13,9 проценти во споредба со крајот на 2023 година. Зголемувањето се должи на високиот двоцифрен раст во повеќе дејности, и тоа: енергетскиот сектор за 53,2 отсто,стручните, научните и техничките дејности за 23 проценти, преработувачката индустрија за 13,4 отсто, земјоделството за 11,8 проценти, градежниот сектор за 10,7 отсто, угостителскиот сектор за 10,7 проценти – се посочува во извештајот.
Банкарите укажуваат дека овие промени се резултат на олеснување на кредитните услови, односно поради намалување на каматните стапки и зголемување на побарувачката на кредити.
- Очекувањата за првото тримесечје од 2025 година се дека кредитните услови умерено ќе се олеснат, а побарувачката ќе се зголемува. Во структурата на кредитите според големината на друштвата, учеството на кредитите на големите претпријатија се зацврстува. Но, кредитите на микропретпријатијата и понатаму се најмалку застапени во кредитното портфолио на банките. Повисокото учество на кредитите на поголемите претпријатија се должи на поголемите износи на кредити кои им се одобрени, а делумно и на резервираноста на банките во однос на кредитирањето на помалите претпријатија. Во однос на дејноста на клиентите, најголемо е учеството на кредитите на претпријатијата во индустрискиот сектор (35,3 отсто), трговија на големо и мало (26,2 проценти), а значително е и учеството на кредитите во градежништвото (19,4 отсто) – се појаснува во извештајот.
Притоа е нагласено дека забрзан раст во 2024 година бележи и кредитирањето на домаќинствата, но тоа не е изразено како кај претпријатијата. Вкупните кредити на домаќинствата на крајот од 2024 година на годишна основа се зголемени за 20.288 милиони денари или за 9 проценти.
Според валутната структура на кредитите, растот е особено изразен кај денарските кредити, чиезголемување учествува со 93 отсто во вкупниот раст на кредитите.
На крајот од 2024 година, долгорочните кредити пораснаа за 39.424 милиони денари, односно за 10,9 отсто, а краткорочните кредити се зголемија за 9.422 милиона денари или за 14,3 проценти. Во рочната структура на кредитите, долгорочните кредити имаат најголемо учество од 84 отсто коебележи мало намалување за сметка на сѐ поголемото учество на краткорочните кредити од 15,7 отсто.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




