14 Декември, 2025
0.0487

Во последен момент измена на Законот за енергетика? Цени на струјата и горивата ќе ни одредуваат експерти новодојдени од енергетски компании

Објавено во: Економија 14 Мај, 2025 14:49

Добивај вести на Viber

Претставник на владеачкото мнозинство во последната фаза пред усвојувањето на Предлог-законот за енергетика, кој се подготвува две години, уфрлил амандман во собраниската процедура, според кој се бара бришење на точка од членот 47, со што за членови на Регулаторната комисија за енергетика ќе можат да бидат избрани експерти кои директно би дошле на оваа позиција од компаниите од енергетскиот сектор.

Според документот до кој дојде „Фактор“, се бара бришење на точката 4, став 3, од членот 47, нешто што налагаше секој новоизбран член на ова регулаторно тело кое ги штити правата на потрошувачите „најмалку две години пред именувањето да не биде дел од надзорен и управен одбор на друштво од енергетскиот сектор, или од секторот со комунален отпад“.

Ова би значело дека се зголемува просторот новоизбраните членови на РКЕ во иднина да тргуваат со влијание и да ги застапуваат интересите на компаниите од каде што доаѓаат, особено оние на монополите и со доминантна позиција на пазарот, наместо првенствено да се грижат за правата и благосостојбата на граѓаните како независни и непристрасни.

Неофицијално, објаснувањето од страна на предлагачот е дека со овој потег ќе се овозможи поголема стручност и компетентност кај членовите на регулаторот. Аргументот е дека досега единствено само претседателот на комисијата бил експерт од областа, додека другите членови биле повеќе избирани фигуративно.

Регулаторната комисија за енергетика, покрај претседателот, брои уште шест члена, вклучувајќи го и заменик-претседателот. Во Предлог-законот за енергетика се бара еден член да биде експерт од правото во полето на енергетиката, водните услуги и управувањето со отпад, еден економски стручњак од овие дејности, а останатите да бидат технички познавачи.

Предлог-законот за енергетика, како  едно од најважните законски усогласувања со енергетската легислатива на ЕУ,  го помина второто читање пред надлежните собраниски комисии на почетокот од мај. Министерството за енергетика прифати амандмани поднесени од сите пратенички групи за Законот за енергетика. Се очекува тој да биде донесен во текот на месецов.

Во фазата на второто читање остана разгледување на текстот на Дополнетиот предлог на закон за енергетика на седница на Собрание, на која следи и постапка на донесување на законот и негово објавување во Службен весник.

Во текот на амандманската расправа беа прифатени 61 амандман (поднесени 71 амандман) од пратеници од сите пратенички групи.

Главни придобивки од законот , според министерството за енергетика се  либерализиран, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, што ќе значи поголем избор и пофер цени за потрошувачите; воведување на паметни броила, што овозможува  прецизно мерење на реалната потрошувачка на електрична енергија и увид на  крајниот потрошувач во својата потрошувачка на електрична енергија на дневна основа; поддршка за нови концепти како граѓански енергетски заедници и модели на активно управување со побарувачката; зголемена пазарна ликвидност и пристап до повеќе извори на снабдување за стопанството и подеднаква можност за инвестиции на сите и инфраструктурна стабилност, преку инвестиции во системи за складирање и дигитализација на системите.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји