ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани
Објавено во: Економија 14 Мај, 2025 08:05
Планот го натфрлиле, ама потфрлиле во поглед на профитот во однос на првиот квартал од ланската година. Вака некако може да се толкуваат резултатите на компанијата специјализирана за хемиски материјали наменети за градежништво, „Адинг“.
Нивниот биланс на успех говори дека ланскиот прв квартал е потфрлен многу малку според приходите, но многу повеќе според добивката, додека, пак, во своето образложение тие наведуваат дека според добивката и резултатите, имаат значајно натфрлање на финансиските резултати.
Да видиме прво што говори Билансот на успех за првите три месеци од годинава.
Имено, од јануари заклучно со март компанијата остварила оперативни приходи од 2,7 милиони евра, што е благо намалување за 1 отсто во однос на истиот период лани.
Од нив на приходи од продажба отпаѓаат 2,69 милиони евра, и тие најмногу се должат на продажбите на домашните пазари, од каде се наплатени 2,33 милиони евра, и тука има пораст од само еден отсто, додека, пак, продажбата на странскиот пазар затаила и донела само 351 илјада евра, што во однос на истиот период лани е намалување за 8 проценти.
За разлика од приходите кои се „тука некаде“, расходите имаат поголем пораст, за 12 отсто, и изнесувале 2,2 милиони евра.
Најмногу се потрошило за суровини и други материјали, и тоа над еден милиони евра, што е раст за 25 отсто, а за вработените за кои се потрошиле 534 илјади евра, растот е 15 отсто. Намалување има кај набавната вредност на трговските стоки, кои изнесуваат 254 илјади евра, што е пад за 21 проценти.
Ова прави компанијата за првите три месеци од годинава да прикаже одлична добивка од 680 илјади евра, што е сепак намалување за 25 отсто во однос на истиот период од минатата година.
А од „Адинг“ во своето образложение го признаваат намалувањето на добивката во однос на првиот квартал лани, но се говори и за натфрлање на планот кој бил направен за оваа година.
„На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 41.761 илјади денари, која е помала за 25 отсто во однос на ланската“, велат од компанијата.
Ова е делот од образложението кој се однесува за натфрлање на планот за првиот квартал од оваа година.
„Добивката пред оданочување во износ од 41.761 илјади денари (679 илјади денари –н.з.) е за 224,5 отсто поголема од планираната во износ од 12.486 илјади денари. Во првиот квартал од 2025 година имаме натфрлање во остварувањето на планот во износ од 23,8 отсто, односно по месеци, за јануари имаме остварување од 112,7 отсто, во февруари од 141,5 отсто и во март од 115,7 отсто во однос на поединечните месечни планови“, се вели во образложението од компанијата дадено на берзата.
Кредитната задолженост е зголемена за 1.886 илјади денари. Капиталните инвестиции, пак, биле во износ од 7.055 илјади денари.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




