26 Април, 2024
0.0298

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По половина век МПЦ и СПЦ си подадоа рака

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

СЕ НОРМАЛИЗИРААТ ОДНОСИТЕ МЕЃУ МПЦ И СПЦ

Архиепископот охридски и македонски Стефан на денешата заедничка литургија на помирување со српскиот патријарх Порфириј во Белград и се заблагодари на Српската православна црква за брзата реакција и за, како што рече, едномислието со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

– Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви, рече во својот говор владиката.

Поглаварот на МПЦ-Оа рече дека ќе се продолжи со барањето за конечно решавање на автокефалниот статус и изрази верување дека уште деновиве ќе доживееме радост. На крајот од своето обраќање, поглаварот на МПЦ-ОА уште еднаш ја истакна улогата на Вселенската патријаршија за денешното сослужение:

КОВАЧЕВСКИ НЕГИРА ДЕКА НЕГОВАТА СОПРУГА Е БУГАРКА 

Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за нејзините предци, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

По вчерашните написи во одредени медиуми дека неговата сопруга има бугарско потекло, Ковачевски рече дека таа и нејзиниот татко и дедо се родени во земјава. За предците на семејството, тој додаде дека навистина не може да коментира во такви детали затоа што, како што рече, „да се зборува за прадедовци, чукундедовци навистина тоа не било никогаш тема на разговор“. 

ЖРТВИ ВО УКРАИНА

Нови жртви во Украина. Најмалку 12 загинати и 40 ранети има во руското гранатирање на Северодоњецк. 

Погодени се станбени згради и билансот може да биде поголем. 

„Русите изутрината почнаа да пукаат со тешко оружје кон регионалниот центар, а гранатирањето продолжува“, напиша Сергеј Гајдар на Телеграм.

Градоначалникот на Северодоњецк, Олександр Стрјук, на 6 мај изјави дека неговиот град е „речиси опколен“ од руски војници и проруски сепаратисти од Донбас кои се обидуваат да ја преземат контролата врз целиот регион. Вели дека во градот има уште околу 15.000 од 100.000 жители колку што имало пред војната.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонските работници во странство во 2021 како дознаки испратиле 344,45 милиони евра, од кои 19,92 милиони биле одлив, покажуваат обработените податоци од Народна банка кои ни се испратени за минатата година.

И покрај високата и волатилна цена на природниот гас, домашниот голем приватен производител на струја ТЕ-ТО лани продаде струја за 132 милиони евра. Од тоа профит се повеќе од 20 милиони евра.

Првите објавени финансиски извештаи на еден од мега ланците ги урниса акциите на сите конкуренти, а тоа го потопи барометарот S&P 500, а по принципот „добрите вести се шират брзо, а лошите побрзо“ ова се одрази и на другите големи берзански индекси

Македонија како земја надвор од ЕУ и со речиси нула присуство на глобалната политичка сцена како да е заглавена во вечниот двоен политички спектакл, ВМРО против СДСМ и протнување или блокирање на етничките права на Албанците, односно само тие две големи политички прашања, канализирани низ огромното партиско членство, најмногу може да ја скандализираат јавната дебата. 

Просечно околу 60 отсто од водата за пиење во земјава не е опфатена во водоснабдителите системи, што укажува дека и понатаму голем дел од овој ресурс останува неискористен.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица