06 Мај, 2024
0.0579

Дали ќе се вклучиме во „културната“ војна?

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Македонија како земја надвор од ЕУ и со речиси нула присуство на глобалната политичка сцена како да е заглавена во вечниот двоен политички спектакл, ВМРО против СДСМ и протнување или блокирање на етничките права на Албанците, односно само тие две големи политички прашања, канализирани низ огромното партиско членство, најмногу може да ја скандализираат јавната дебата. Истовремено како земја која не создава сопствена култура, поклопена е од српски шунд, турски серии за постарите генерации, марвеловски хајп за тие од 30+, кардашијански инстаграм за инфлуенсерите и „билиајлишизам“ за алтернативната (воук) „Ген З“ млада популација.

Во меѓувреме светот, или барем оној западниот дел, на кој ние сакаме очајно да припаѓаме, веќе минува низ големи промени и жестоки политички судири кои од корен го менуваат основното поимање на тоа што значи десница и левица на политичкиот спектар.

Културни војни повеќе не се водат помеѓу „атеисти и верници“, туку и за „разбуденост“, туркање на родови и сексуални идентитетски политики, редефинирање на улогата на мажот, особено на „белите елити“, тврдења за системска вина на патријахатот, мизогинијата и расизмот за сите проблеми на денешните генерации (кои наводно се немоќни да направат нешто за себе) и „екстремен енвајорнментизам“ односно радикални левичарски сфаќања за ограничување на економскиот раст, па дури и за сметка на благостојбата на земјите во развој, (за развиените кои технолошки побрзо ќе стигнат до економската трансформација, а веќе го загадија целиот свет нема никакви проблеми).

Завршува ли ерата на глобализацијата и почнува ли глобалната културна војна, војна која ќе се води за системот на вредности, западните каректеризирани пежоративно како „либерален елитизам“, наспроти националната обнова и враќање на достоинството на државите?

„Јас малку поинаку гледам на онаа „војна“ за вредности. Големиот конфликт не е помеѓу западниот либерален поглед наспроти оној за национална или цврста држава, поглед карактеристичен повеќе за источните земји, туку борбата внатре во самиот „Запад“ за тоа што треба да биде новиот мејнстрим западен вредносен систем, доколку би можел така да го наречам. Оваа „борба“ која ја споменавте вие има свои осцилации и интервали и мислам дека не можеме да ја гледаме така манихејски, бидејќи видовме дека глобализацијата и слободниот пазар, кои се едни од столбовите во модерното западно поимање, се карактеристични и за Кина каде на власт се комунисти, и дури ќе одам чекор подалеку и ќе речам дека, анализирајќи го кинеското економско чудо, испаѓа дека комунистите се подобри менаџери во време на суров капитализам од самите капиталисти“, вели Јакомовски. 

Според него, глобализацијата не значи сама по себе и имање на западни, односно либерални вредности, а за тоа најеклатантен пример можеби е нападот на Кулите Близначки во 2001 година. Тогаш светот дојде во ситуација да увиди дека и оние кои пијат Кока Кола, јадат МекДоналдс и гледаат холивудски филмови се спремни да извршат таков вид на самоубиствени напади за такви цели. Затоа, за мене поголем проблем претставува тоа кој систем ќе превладее во западниот свет, дали оној на новата левица, кој, мене ако ме прашате, е толку деструктивен, штетен и токсичен не само за општеството туку и за самата човечка природа или ќе опстои она умерено сфаќање помеѓу центар лево и центар десно од идеолошкиот спектар. Консеквентно на тоа, колку повеќе замав зема оваа нова левица, толку повеќе пораст имате на радикалната десница, за која луѓето сметаат дека би била подобрата алтернатива, а која е исто така подеднакво штетна“, смета Виктор Јакимовск извршен директор на Пантеон Платформа.

Дури и во самите САД, Велика Британија, Канада, Австралија и дел од Западна Европа се шири „културната војна“, наместо таа да се однесува како во последните дваесетина години на „ширење на либералните вредности и извоз на демократијата“. Подемот на популистите и националистите не е случаен. Ако глобалната економска криза од пред речиси 15 години ги разниша темелите на светската економија, тогаш Брегзит, победата на Трамп и упориштата на популистите дефинитивно ги разнишаа изгледите за создавање унилатерална светска култура.

Колку војната во Украина, последиците од Ковид-19 и прекинот во глобалните синџири на достава ќе ги забрзаат овие процеси?

„Последиците од Ковид-19 допрва ќе треба да ги истражуваме, не само врз нашето целокупно здравје, туку и врз здравјето на нашето општество и иднина. Војната во Украина ги разбуди духовите од минатото во Европа и сега мислам дека најмногу на тест ќе биде ставена ЕУ – дали ќе успее да се справи со предизвиците и да испорача се она за што претходните години се заговараше, во економска и во внатрешно-политичка смисла или земјите-членки ќе се разидат по клучните прашања и идејата за ЕУ веќе ќе биде во слободен пад. Јас искрено се надевам дека ќе биде првото, бидејќи ако не биде тоа, тогаш ќе дојдеме до момент каде што ќе се разбудиме во сосема нова Европа, која и не знаеме дали ќе остане релативно мирна како во изминатите 70 години. До пред само три години беше незамисливо на територијата на Европа, да имаме воена инвазија од ваков тип, но ете и тоа се случи. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, Русија тоа го окарактеризира како проблем за нивната национална безбедност, што значи дека во овој момент буквално ниту едно сценарио не треба да биде исклучено“, истакнува Јакимовски.

Но, се чини дека овие политички битки на етаблираната левица и новата конзервативна десница, како да не допираат премногу до Балканот, уште помалку во Македонија. Некои главни постулати како Black Lives Matter, Me Too, Cancel culture, Critical Race Theory, не фатија силен зародиш во нашето опкружување. Може ли да се очекува нов фронт на влијание токму по овие прашања, што изворно од домашни актери (невладини и партиски) или пак како дел од агендата на странските донатори?

„Балканот историско-културолошки, како и други региони во светот, си има свои сфаќања и погледи кон одредени општествени феномени и не мора да значи дека баш сите светски трендови би влијаеле на одреден регион во светот, баш напротив, доколку одреден тренд не е карактеристичен за некое поднебје, нема да има големо влијание. Според мене, некои трендови имаа такво влијание кај нас поради социјалните мрежи, кај оние генерации кои имаат полиберални и/или полевичарски ставови, отколку што тие трендови беа културолошки карактеристични за нашиов регион. Од друга страна, во Македонија мислам дека поради политички превирања во изминативе 15 години, се создаде еден тренд на „авто-цензура“ каде што некои личности не сакаа јавно да говорат заради одредени трули проблеми во општеството, а себеси се нарекуваа „експерти“ или „универзитетски професори“, додека други пак одбираа да влезат во процес на „себенегирање“ и „себепорекување“ само за да се додворат и да покажат дека знаат да бидат кооперативни и повеќе од потребното. И тоа многу не чинеше“, заклучува Јакимовски.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството