Г.Г.Стефан: И Благодариме на СПЦ за едномислието со вселенскиот патријарх
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2022
Архиепископот охридски и македонски Стефан на денешата заедничка литургија на помирување со српскиот патријарх Порфириј во Белград и се заблагодари на Српската православна црква за брзата реакција и за, како што рече, едномислието со вселенскиот патријарх Вартоломеј.
– Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви, рече во својот говор владиката.
Поглаварот на МПЦ-Оа рече дека ќе се продолжи со барањето за конечно решавање на автокефалниот статус и изрази верување дека уште деновиве ќе доживееме радост. На крајот од своето обраќање, поглаварот на МПЦ-ОА уште еднаш ја истакна улогата на Вселенската патријаршија за денешното сослужение:
– Вам, како и на браќата членови на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, ви благодариме за едномислието со одлуката дадена од страна на вселенскиот патријарх, Неговата сесветост г.г. Вартоломеј, со кој се прифатија јерархијата и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во евхаристиско и канонско единство, а кое, еве со вас, на дело се потврди со денешнава света литургија, додаде г.г. Стефан