26 Април, 2024
0.0288

Црна среда на Њујоршка берза! Потонаа индексите Nasdaq, Dow Jones и S&P 500, мечката заигра во големите трговски ланци

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Првите објавени финансиски извештаи на еден од мега ланците ги урниса акциите на сите конкуренти, а тоа го потопи барометарот S&P 500, а по принципот „добрите вести се шират брзо, а лошите побрзо“ ова се одрази и на другите големи берзански индекси

Главните индекси на Њујоршката берза вчера ја доживеаја „црната среда“ и главните индекси книжеа најголеми дневни падови во последните две години. Главна причина за падот е паничната продажба на акции на големите односно хипер трговски ланци. Особен катализатор на процесот беше објавата на резултатите од работењето на Target Corporation (осми по големина трговски ланец во САД) чии акции во само еден ден изгубија 25 отсто од пазарната цена. 

Евидентно е дека инфлацијата си го направи своето и Американците кои се светска број еден нација – потрошувач веќе ги стегаат ремените и купуваат не што се ќе им дојде туку само она што треба. Токму тоа пресликано во резултатите на Target Corporation ги „попари“ бројните инвеститори кои се одлучија на „егзит стратеџи“ и цената на таа акција ја патосираа. Тоа ја отвори спиралата за сите други големи трговски ланци и многумина брзаа да се ослободат од тие акции.

Тоа „чемерно“ расположение се прелеа и на другите индустриски сектори и психологијата на инвеститорите си го направи своето. Индексот  Nasdaq изгуби 4,7 отсто за еден ден, Dow Jones 3,6 отсто, а S&P 500 4 отсто.

Спиралата ја отвори токму S&P 500 во кој се класирани големите трговски ланци меѓу кои е и Target Corporation чија акција го имаше најцрниот ден од далечната 1987 година до сега.

Големи годишни падови бележат и конкурентите на Target Corporation, а тие се Dollar Tree, Dollar General i Costco Wholesal. Сите овие гиганти во трговијата бележат падови на цените на акциите. А особено Costco Wholesal чија акција вчера падна на ниво како што била во 2003 година. За да биде сликата комплетна еве го и податокот за гигантотWalmart – цената на неговата акција вчера падна 7 отсто и тоа во услови пред да ги објави финансиските резултати.

Кварталниот резултат на Target Corporationна видело ги изнесе сите проблеми со кои компаниите се соочуваат односно волатилноста на цените на транспортот, логистичките проблеми и на крај сите интегрирани во растечката инфлација која веќе е светско прашање.

Овој психолошки момент веќе денеска влијае и врз тргувањето на европските берзи и големите индекси особено STOXX Europe 600 кој ги интегрира најголемите 600 европски компании.

Знајачни се падовите и на другите композитни и индустриски индекси на глобалните пазари. На нив влијае глобалната енергетска криза, која во значајна мерка е генерирана од војната меѓу Русија и Украина која веќе стана европска војна. 

Р.Ф.

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат