06 Мај, 2024
0.0262

Ковачевски ги негира тврдењата на бугарските медиуми дека неговата сопруга е Бугарка

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за нејзините предци, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

По вчерашните написи во одредени медиуми дека неговата сопруга има бугарско потекло, Ковачевски рече дека таа и нејзиниот татко и дедо се родени во земјава. За предците на семејството, тој додаде дека навистина не може да коментира во такви детали затоа што, како што рече, „да се зборува за прадедовци, чукундедовци навистина тоа не било никогаш тема на разговор“. 

„Не знам зошто би биле од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга, меѓутоа еве штом е тука прашањето – таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка, мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово. Нашите деца се родени во Скопје и сите ние поседуваме лични документи на Република Северна Македонија“, рече Ковачевски. 

Инаку, бугарскиот весник „Труд“ тврди дека Елена Ковачевска, сопруга на Димитар Ковачевски и нејзините дедо и татко се Бугари, но премиерот негира. Тој вели дека целото семејство имаат само македонски документи.

Според бугарските медиуми, документот за потеклото на сопругата на Ковачевски пристигнал на мејлот на весникот „Труд“. 

„Консултациите со лица кои детално го познаваат процесот на стекнување бугарско државјанство, покажа дека документот ги содржи сите потребни атрибути за да биде вистинито. Според неговата содржина, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари родени во општина Босилеград“, се вели во текстот на „Труд“.

Бугарија во повеќе наврати ги спомена и Македонците кои од економски причини земаат бугарски пасоши. Говореа за бројка која достигнува и до 120.000 македонски граѓани кои поседуваат бугарски пасоши. 

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта