06 Мај, 2024
0.0434

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mосква возврати, ја протера македонската в.д. амбасадорка

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

РУСИЈА ЈА ПРОТЕРА МАКЕДОНСКАТА В.Д. АМБАСАДОРКА

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва за персона нон грата. Веста ја објавија руските медиуми повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи, а ја потврди и Руската амбасада во Скопје. 

„На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата”, се вели во соопштението од Руската амбасада објавено на Фејсбук. се огласи руското министерство.

Во соопштението дополнително е наведено дека мерка е одговор на одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје.

СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА МАКЕДОНСКОТО МНР

Министерството за надворешни работи го опиша како одмазда протерувањето на македонски дипломат од Москва, како и неоснован потег кој негативно ќе влијае на односите меѓу двете земји.

„Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“, гласи реакцијата на МНР.

Претходно и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, напиша дека жали за одлуката на Русија да протера македонски дипломат само за да се возврати на претходното протерување руски дипломат од Северна Македонија.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 18 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.

Регистрирани се 31 оздравен пациент од:

Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.

Пријавено е 1 починато лице:  од Скопје (61г), починато во болнички услови.

ВО СЛУПЧАНЕ ЌЕ „НИКНЕ“ СПОМЕН КУЛА НА ОНА

Во Општина Липково ќе се изгради спомен кула во чест на ОНА, и ќе чини 200.000 евра. 

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи,  изјави дека изградбата на споменикот доцни. 

Ќе биде лоцирана во селото Слупчане. На сајтот на Бирото за јавни набавки веќе е објавен договорот меѓу општината и компанијата „Хоџа инжинеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Платите можеби не се многу високи, ама очигледно за граѓаните е примамливо да се вработуваат во општините.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипа од МВР, извршил увид на самото место каде на 8 јуни 2021 година, во 23:05 часот, во Скопје, на ул. „Борис Трајковски“ се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. 

Најголемите четири домашни компании за продажба на мало на уред и за домаќинство лани направија агрегиран приход од продажба од речиси 150 милиони евра! Короната не затвори дома па да не е досадно си купувавме уреди за домаќинство.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта