11 Декември, 2023
0.0289

НЕМА ПРИТВОР ЗА БАТИНЧАНЕЦОТ КОЈ ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА СО ДВЕ ЖРТВИ - Обвинителството поведе постапка, одземен му е пасошот

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипа од МВР, извршил увид на самото место каде на 8 јуни 2021 година, во 23:05 часот, во Скопје, на ул. „Борис Трајковски“ се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. 

По наредба на обвинителството обезбедени се и подигнати траги од лице  место, обезбедена е фото документацијата од местото на настанот, издадени се наредби за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење обдукција на телата на починатите. Извршени се и други проверки со цел прибирање на материјални и вербални докази за натамошно расветлување на настанот.

„Според првичните сознанија на обвинителството, сега осомничениот, 25-годишен жител на с. Батинци, скопско, управувал со патничко моторно возило Хундаи Акцент по левата сообраќајна лента од улицата „Борис Трајковски“. Кога пристигнал пред крстосница, непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот (удвоена бела полна линија), започнал да врши престигнување од левата страна на патничко моторно возило Фиат Пунто кое се движело пред него. Осомничениот со престигнувањето го попречил сообраќајот од спротивната насока и при тоа се судрил со патничко моторно возило Мерцедес Е-200 . Од ударот, возилото на осомничениот се придвижило кон десно и удрило во патничкото моторно возило Фиат Пунто кое се обидел претходно да го престигнува. Возилото Мерцедес Е-200 од ударот се придвижило и отишло на коловозна лента наменета за сообраќај на возилата од спротивната насока, по што бил удрен од патничко моторно возило Фолсфаген Пасат и возило Фолсфаген Шаран и завршило со движењето удирајќи во метална ограда на блискиот тротоар.

Од незгодата со телесни повреди се здобиле шест лица, а со тешки телесни повреди се здобило едногодишно дете“, велат од Обвинителството.

Во сообраќајната незгода, поради тежината на здобиените повреди, на самото место животот го загубиле две лица, 28-годишен скопјанец – возачот на Мерцедес Е-200 и жител на с. Студеничани на возраст од 50 години кои управувал со возилото Фолсваген Пасат.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел посапка против осомничениот возач поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„До надлежниот суд обвинителството поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против осомничениот и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачката дозвола и забрана за издавање на нова возачка дозвола.  Основниот кривичен суд Скопје со Решение ги определи предложените мерки  на претпазливост на осомничениот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

фото: Курир

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Спасовски повеќе не дава информации за Вања и Панче, упатува новинари до Обвинителството

Спасовски повеќе не дава информации за Вања и Панче, упатува новинари до Обвинителството

СДСМ со фотографија: Мицкоски седи со уапсен за дрога од 120.000 евра

СДСМ со фотографија: Мицкоски седи со уапсен за дрога од 120.000 евра

Јован Митрески од СДСМ ќе биде претседател на Собранието: Како и досега, ќе работам максимално посветено

Јован Митрески од СДСМ ќе биде претседател на Собранието: Како и досега, ќе работам максимално посветено

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ТРПЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ДА СЕ ПИШАТ БУГАРИ НА ПОПИСОТ: За тоа го известиле и Народниот правобранител во Тирана

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ТРПЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ДА СЕ ПИШАТ БУГАРИ НА ПОПИСОТ: За тоа го известиле и Народниот правобранител во Тирана

ЕВЕ КАДЕ ВО ЗЕМЈАВА ПАЃА СНЕГ: АМСМ со препораки до возачите, се вози во зимски услови

ЕВЕ КАДЕ ВО ЗЕМЈАВА ПАЃА СНЕГ: АМСМ со препораки до возачите, се вози во зимски услови

„СРБИЈА ГО ИМАШЕ „РИБНИКАР“ ЗАРАДИ ШТО МИНИСТЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА“: Кај нас и тие што се повлекоа бесрамно ни се препорачуваат-Куновска го искажа својот револт

„СРБИЈА ГО ИМАШЕ „РИБНИКАР“ ЗАРАДИ ШТО МИНИСТЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА“: Кај нас и тие што се повлекоа бесрамно ни се препорачуваат-Куновска го искажа својот револт

БИЛ ИЛИ НЕ БИЛ ХРВАТСКИОТ МЕДИУМ ВО „ПЕСТАЛОЦИ?“: Градоначалникот и директорката демантираат

БИЛ ИЛИ НЕ БИЛ ХРВАТСКИОТ МЕДИУМ ВО „ПЕСТАЛОЦИ?“: Градоначалникот и директорката демантираат