Кои компании направија 150 милиони евра од продажба на компјутери, телевизори и бела техника?

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2021
Најголемите четири домашни компании за продажба на мало на уред и за домаќинство лани направија агрегиран приход од продажба од речиси 150 милиони евра! Короната не затвори дома па да не е досадно си купувавме уреди за домаќинство
Нема зима ниту корона криза кога е во прашање нашата национална потреба за нови телевизори, гаџети, бела техника и сите уреди за домаќинството. Нашите најголеми и најдобро снабдени ланци на маркети минатата година, која ја одбележа корона пандемијата, имаат солидни резултати и одлични растови на добивките.
Нептун ДОО останува неприкосновен снабдувач на нашата нација со нови уредиза домаќинство и популарна бела техника. Минатата година фирмата во сопственост на Арсим и Илир Папраднику и „Балфин Груп“ оствари приход од 60 милиони евра што ја прави најголем продавач на мало на уреди за домаќинство во Македонија. Приходот од продажба е на исто ниво како и во 2019 година.
Нето добивката на друштвото лани е зголемена за 11 отсто во споредба со претходната 2019 година и лани достигна 3 милиони евра. Во апсолутен износ „Нептун Македонија“ има најголем профит во споредба со конкурентните компании.
„Сетек - Се од техника“ е компанија која се зацврсти на втората позиција на нашиот пазар според приходите од продажба, но и според профитот. Добивката на семејната фирма на Дејан и Игор Кимовски лани изнесува 2,7 милиони евра и е 2,5 пати повисока од профитот остварен во претходната година. Приходот на „Сетек“ лани достигна 44,7 милиони евра што е за 31 отсто повеќе од претходната година.
Според остварените приходи од продажба на трето место е скопската компанија „Техномаркет“ со реализација од 18 милиони евра. Ова друштво кое е во сопственост на „Амако НЕТ Скопје“ кое пак е во сопственост на Андреја Хочевар (сопственик и на „Анхоч“ н.з.) лани од продажба оствари профит од 720.000 евра и тоа е два пати повеќе од добивката во 2019 година.
Другата фирма на Хочевар – „Анхоч“ специјализирана на технолошки уреди лани ја зголеми својата продажба за 38 отсто до 16,2 милиони евра. Добивката е зголемена за 3,3 пати и изнесува 1,3 милиони евра.
Најмал меѓу најголемите е кумановскио ланец Алфи Би. Приходот на оваа компанија лани бил 9,7 милиони евра и тоа е за 38 отсто повеќе од претходната година. Иако е најмал по приходи сопственикот на оваа фирма Гоце Серафимовски ја знае тајнатана профитабилноста. Затоа што „Алфи Би“ ја има најдобрата профитна маргина – повисока од 10 отсто од приходите. Добивката на друштвото е нешто над 1 милион евра што е за 69 отсто повеќе од претходната година.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ - кои се всушност нивните мотиви?

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија

КОЈ ДОЗВОЛИЛ МЛЕКО СО АФЛАТОКСИН ДА СЕ КОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Трипуновски со шокантно тврдење
ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ - РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“
