21 Мај, 2024
0.0316

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната „коси“, најавени уште 70 Aвганистанци

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Август, 2021

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС ИМА 19 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13, Кочани и Ресен – по 10, Свети Николе – 9, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 166 оздравени пациент од: Скопје – 39, Тетово – 38, Кичево – 16, Куманово – 13, Гостивар и Струмица – по 10, Кавадарци – 6, Битола, Велес, Берово и Дебар – по 5, Прилеп, Кочани, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.

Пријавени се 19 починати лица: по 6 починати лица од Тетово (54г,65г,74г,74г,79г и 84г), по 5 починати лица од Гостивар(66г,66г,67г,69г и 71г), по 3 починати лица од Куманово (54г,78г и 85г) и по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица(54г), Струга (60г), Свети Николе (83г) и Валандово (85г). Од починатите лица 18 пациенти   се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

РАСТЕ БРОЈКАТА НА АВГАНИСТАНЦИ КОИ ЌЕ ДОЈДАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев  при гостување во дневникот на Сител кажа дека сме спремни да примиме и до илјадници бегалци од Авганистан. Сега се потврдени уште 70 миротворци. 

„Првата причина е хуманоста и солидарноста, а втората е обврската како земја членка на НАТО, се работи за миротворци, активисти за човекови права, преведувачи, жени и деца, не се работи за милитарци, џихадисти“, рече Заев.

Според него, не треба да се биде голем или богат за да се покаже големо срце. 

ЕК ГО ПРИЗНА МАКЕДОНСКИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНИ

Северна Македонија e прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Одлуката ја донела Европската комисија денеска и со неа се гарантира дека сертификатите за КОВИД-19 издадени од нашата земја ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19. 

„Ова значи дека нашата земја ќе биде поврзана со системот на ЕУ и дека сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација. На овој начин нашите граѓани ќе ги избегнат ограничувањата во патувањата, како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ, вели Османи.

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА СО ЛИЧНА КАРТА СО ИСТЕЧЕН РОК

Премиерот Зоран Заев денеска во Јегуновце рече дека постои техничка можност граѓаните со истечен рок на лична карта да можат да гласаат на локалните избори на 17 октомври, но според него поголем проблем претставува приватниот сектор, односно деловните банки, каде што граѓаните имаат проблем да ги повлечат парите во ваква ситуација.

Нови лични карти не се издаваат и не се знае кога ќе ги има. Причина за тоа е блокираниот предлог закон за лични карти, со над 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, од кои 1.200 се од партијата Левица. Според Заев, Левица со овие амандмани се однесува радикално и нанесува непоправливи штети.

„Политичката партија БЕСА овој предлог го поднесе со одложено дејствие од 2023 и со можност Европа да се изјасни по ова прашање, но со таквата блокада патат и трпат граѓаните. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

20 години сојузниците војуваа во Аганистан, за веднаш по повлекувањето на странските сили Талибанците со мал отпор да ја освојат земјата и да го вратат нивниот режим на владеење. Во двете мисии, ИСАФ и Одлучна поддршка, земјава учествуваше со над 3.500 воен персонал, инструктури и доктори.

Во време кога четвртиот бран на коронавирусот буквално доживува експлозија, а бројот на новозаболени и починати расте секој ден, се повеќе се зголемува и интерсот за вакцинација кај граѓаните.

Минатата година беше една од најспецифичните во поновата историја, а пандемиската криза се одрази на сите аспекти од живеењето. Додека граѓаните се бореа со здравствениот предизвик, Македонија како и речиси сите земји се соочи со економска криза. 

Домашниот пазар во пост-ковид годината беше голема поткрепа за најголемиот производител на вино - кавадаречки „Тиквеш“. Македонскиот пазар апсорбира вино и ракија од „Тиквеш за 7,2 милиони евра – 31 отсто повеќе од лани. Извозот е 6,5 милиони евра. Вкупната продажба на „Тиквеш“ годинава порасна за 23 отсто во однос на „корона“ периодот лани

Можеби ќе ве интересира

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци