14 Мај, 2024
0.0283

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ја изгубија битката со коронавирусот, три нови жртви

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

ТРОЈЦА ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. 

Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче. 

Претходно, беше соопштено дека има две жртви, мажи од Куманово и од Кавадарци. 

Потврдени се 18 нови случаи на Ковид 19 во земјава. 

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

НА СИЛА Е ПОЛИЦИСКИ ЧАС 

По 16 часот почна полицискиот час во земјава. 

Скопје е пусто, а по улиците можат да се движат само луѓето кои имаат извадено дозволи. 

Полицискиот час ќе трае до 5 часот утре. 

Целта е да се спречи ширењето на коронавирусот, кој денес однесе три жртви. 

ВО ЕДЕН АВТОМОБИЛ ДА СЕ ВОЗАТ НАЈМНОГУ ТРИ ЛИЦА

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, изјави дека повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил. 

Петровска додаде дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

ТУРЦИЈА ЈА ИСПРАТИ ПОМОШТА, А ПОМОШ НАЈАВИ И БУГАРИЈА

Турските медиуми објавија фотографии од воениот карго авион А400 М кој од Анкара ќе достави донаторска помош во медицинска заштитна опрема и реквизити за земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Ќе испратиме стотина парчиња заштитна облека за нашите браќа од Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува  БГНЕС.

„Многу е лесно да им кажувате дека ни се браќа, но кога ќе видите дека луѓето умираат, тогаш мора да дејствувате. Нарачав денес да бидат испратени сто заштитни зкафандери за медицинските работници од првите борбени редови во Македонија “, рече Борисов.

Премиерот рече дека во моментов нема лек во светот за лекување на коронавирус.но дека во Бугарија нема ниту еден пациент кој не бил лекуван, а покрај тоа, државата им помага и на други земји.


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните на Општина Липково избегнуваат да патуваат во Куманово, исплашени од брзото ширење на коронавирусот.

Од Општината Липково велат дека се преземени мерки за заштита, дезинфицирани се објекти, улици, како и повеќе од 20 џамии на територија на општината. 

Корисници на услугите на АД Пошта на Северна Македонија се жалат дека не се примаат пратки за странство од страна на универзалниот давател на услуги во Македонија.

Владата конечно се изјасни околу тоа како годишните одмори ќе ги користат вработените во јавниот сектор. 

На својата вчерашна седнива таа донела Уредба со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Државата да почне активна кампања за купување домашни производи, бара Стопанската комора на Македонија. Во услови на намалување на економската активност поради коронавирусот и прогнози на силни последици од затвореноста за домашната економија стопанствениците бараат Владата на ваков начин да го заштити домашното производство.

Велигденски миси и богослужби без верници за најголемиот христијански празник Велигден најавија и Католичката црква во Македонија и Евангеслско методистичката црква. 

Од двете цркви велат дека оваа година Велигден ќе биде многу поразличен и во согласност со настанатата ситуација што ја наметна пандемијата на коронавирусот.

Само во март, бројот на невработените во земјава се зголемил за околу две илјади лица, или прецизно, 1.916 нови невработени.

Ова го покажуваат официјалните бројки на Агенцијата за вработување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада