05 Декември, 2025
0.0366

Збунети граѓани не знаат дали може да испратат меѓународна пошта

Објавено во: Економија 08 Април, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Корисници на услугите на АД Пошта на Северна Македонија се жалат дека не се примаат пратки за странство од страна на универзалниот давател на услуги во Македонија. Националниот оператор веќе најави дека ќе прилагодува  работното време на поштенските единици, и околку е потребно, одредени поштенски единици ќе се затворат на пократок или подолг период со препорака пред секоја посета на некоја од филијалите да се провери работното време на истата.

Билјана Аврамоска Ѓореска, директорката на Агенција за пошти на РСМ, за „Фактор“ вели дека обемот на пратки е значително намален во изминатиот период, а згора на тоа во прекин е и меѓународниот сообраќај, кој го отежнува работењето

- Во нашата земја покрај Македонски пошти, уште седум други приватни оператори имаат лиценца за меѓународен поштенски сообраќај. Но, поради рестрикциите, изолациите и ограничувањата со кои се соочуваме, тоа го трпат и крајните корисници. Причината е затоа што сите постојано го адаптираат, го приспособуваат работното време, иако давателите на овие услуги може да оперираат и за време на полицискиот час, вели првиот човек на поштенскиот регулатор.

Последното известување на АД „Пошта на Северна Македонија’е дека е воспоставена размена на пошта со Германија по сувоземен пат еднаш неделно. Земји за кој е овозможен прием на пратки по сувоземен односно површински пат се: Албанија, Грција, Косово, Бугарија, Романија, Турција и Германија. 

„Со оглед на работењето во вонредни околности со намалени капацитети во сите поштенски управи и начинот на транспорт на поштата, се известуваат корисниците да имаат разбирање за доцнењето во преносот, испораката и доставата на пратките.“, велат од таму.

Аврамоска Ѓореска вели дека е добро тоа што се воспоставила размена со германската пошта, бидејќи станува збор за широка мрежа на покривање.

- Дојче Пост може да ги препрати пакетите понатаму во други земји, но велам дека се зависи од нивните интерни одлуки и правила и од тоа како се воспоставени меѓународните комуницирања од таму. Ние како агенција секојдневно ја следиме ситуацијата, Најголемите поплаки од давателите на поштенски услуги се во врска со паднатиот обем на пратки и заостаната пошта која граѓаните се плашат да ја подигнат поради ситуацијата. Сепак, извозот кон Германија е за поздравување по секојдневните контакти, ако се знае дека еден период комплетно немаше таква можност, а авионски сообраќај воопшто нема до денес, освен експресниот карго-сервис на ДХЛ, вели Аврамоска Ѓореска.

Дополнува дека последното мерење за доцнењето на пратките во Македонија се вршело во 2018. Такво мерење е планирано и за 2020, но голем број планови на агенцијата сега се доведени во прашање.

Кај приватните даватели на поштенски услуги особено е зголемен бројот од 830 во 2018 на 1.131 вработен во 2019 година што укажува дека секторот се развива. Давателите на поштенски услуги имаат зголемување на приходите за 30 отсто за една година, а зголемување има и давателот на универзална услуга АД Македонски пошти, констатира регулаторот во својот тукушто објавен годишен извештај.

Развојот пак на е-трговијата придонесе да се зголеми и доставата на зголемен број на пакети од АД Македонска пошта од 88.481 во 2018 на 111.886 пакети во 2019. Онлајн трговијата придонесе да се зголеми и прометот на пакети и кај приватните оператори од 1.263.340 на 1.634.197 пакети.

Мислењето за поштенските услуги во периодот на епидемија од корона вирисот е дека го намалуваат ризикот, односно контактот на релацијата помеѓу бизнис секторот, администрацијата и физичките лица.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата