26 Април, 2024
0.0277

Стопанството бара државата да почне кампања за купување домашни производи

Објавено во: Економија 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Државата да почне активна кампања за купување домашни производи, бара Стопанската комора на Македонија. Во услови на намалување на економската активност поради коронавирусот и прогнози на силни последици од затвореноста за домашната економија стопанствениците бараат Владата на ваков начин да го заштити домашното производство. Бранко Азески претседателот на најстарата и најзначајна комора во земјава вчера излезе со нов сет предлози и барања за намалување на ударот од болеста која засега има само несогледливи негативни удари за економијата. Ова е едно од барањата на бизнисмените кои стасале до Азески. Се бара и намалување на рокот на исплата на повратот на ДДВ, целосно раздолжување на државата кон компаниите.

Сашо Наумоски, директор за прилепска Витаминка минатата недела за Фактор изјави дека добро за сите да се увериме колку е важно домашното производство

„Колку се важни домашните македонски компании. Ние сме тука, и во добро и во лошо. Немаме друга земја да се грижиме за неа! Сите заедно тука, ја делиме истата судбина, се грижиме за нашите најблиски, за нашите роднини, вработени, соседи, сограѓани. На прв ваков проблем некои земји, чии  производи се застапени кај нас, ги затворија границите за брашно, масло, шеќер, лекови... без нималку грижа. Ние до крај ке се трудиме, да ги задржиме сите вработени, да не намалиме плати, да немаме пад на приходи, за да не дојдеме во ситуација да аплицираме за помош“, нагласи Наумоски за Фактор.

Од Министерството за економија за Фактор сепак велат дека  државата не смее да фаворизира домашни или странски производи.

„Сите се еднакви на домашниот пазар, според Светската трговска организација имаме обврска да применуваме третман на најповластена нација  - она што го нудиме за домашните фирми и производи да го нудиме и за странските. На пример, кога ги укинавме царините за увоз на потрошен медицински материјал со Одлука на Владата не кажавме дека бенефитот на укинатата царина ќе ја користат само домашни компании, а странските компании, подружници, канцеларии или претставништва нема да можат. Истото и со правото за извоз на заштитни маски, иако македонски текстилни компании беа иницијатори да одобриме да извезуваат заштитини маски, сепак во одлуката нема дискриминација дека домашните компании ќе можат да извезуваат, а странските кои се присутни во РСМ нема да можат, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека се фокусирани на економските мерки за еквивалентен пристап за поддршка на сите компании. 

Стопанската комора бара интервенција кај акцизите на нафтените деривати и укинување на некои парафискални давачки.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија