29 Април, 2024
0.0300

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Извлечени се редните броеви, Пендаровски прв, Силјановска втора, а Максим последен

Објавено во: Македонија 25 Март, 2024

Добивај вести на Viber

ПЕНДАРОВСКИ ПРВ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ, МАКСИМ ПОСЛЕДЕН

Државната изборна комисија денеска со жрепка го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче, според кој актуелниот претседател на државата и кандидат за нов мандат, Стево Пендаровски го доби бројот 1 на гласачкото ливче на претстојните избори за шеф на државата.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе биде втора на ливчето. Стевчо Јакимовски го доби редниот број 3, Бујар Османи 4, Билјана Ванковска 5, Арбен Таравари 6, а Максим Димитриевски 7.

АКО ТРЕБА ЌЕ СЕ ДОНЕСАТ МЕРКИ ЗА КАЗНУВАЊЕ НА АНТИВАКСЕРИ

Aко треба, ќе се донесат законски измени за казнување лица кои поттикнуваат кампањи против вакцинацијa, изјави министерот за здравство, Илир Демири.

Тој денеска јавно се обврза дека ќе преземе мерки за да се утврди како е основано Здружението на антиваксери и по кој законски принцип функционира. Секоја изјава во медиумите, како што  рече, треба да се проследи и да се види точно кој стои зад антиваксерските кампањи.

„Не знам каква е можноста законски да се атакираат тие, но ако има потреба, ќе влијаеме и во промена или додавање законски нормативи со кои ќе бидат казнети сите луѓе кои поттикнуваат некаква кампања против вакцинација“, изјави Демири, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.

НОВИ АПСЕЊА ВО МОСКВА

Русија уапси уште тројца осомничени за нападот кој во петокот се случи во Москва и во кој загинаа 137 луѓе. 

Московскиот суд нареди апсење на уште тројца осомничени за кои се тврди дека се поврзани со смртоносниот терористички напад во петокот во концертната сала Крокус сити хол кај Москва, соопшти прес-службата на судот. Тројцата новоосомничени – Аминчон Исломов, Диловар Исломов и нивниот 62-годишен татко Исроил Исломов – се обвинети за учество во организирањето на терористичкиот акт, според рускиот Истражен комитет, пренесе ТАСС.

Истражителите тврдат дека еден од вооружените лица, Шамсидин Фаридуни, се верува дека во јануари го регрутирал Аминчон Исломов за да ѝ се приклучи на неговата организирана терористичка група, со цел да изврши терористички акт. Најдоцна до 11 март, се смета дека тој го регрутирал и Диловар Исломов, велат истражителите, барајќи итно апсење на двајцата браќа, како и на нивниот татко.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во четвртиот квартал од 2023 година, ЕУ увезе енергетски производи во вредност од 111,3 милијарди евра, што изнесува вкупно 187,9 милиони тони. Во споредба со истиот квартал од 2022 година, увозот е намален по вредност за -34,2 отсто и во нето маса за -11,7 проценти.

Само прашање на време е кога Кина целосно ќе стане општество без кеш. Со неверојатниот подем на науката и технологијата, многу аспекти на секојдневниот живот тука се драстично изменети. Мобилниот телефон буквално живот значи, без него не можете да функционирате ниту една секунда.

Акционерите на „Реплек“ имаат причини за задоволство. Компанијата на крајот на април на Собрание на акционери ќе донесе одлука за распределба на дивиденда, која ќе изнесува 300 денари по акција бруто и 270 денари во нето износ.

„Адинг“ е позната и меѓународно призната компанија со уникатна дејност : производство на хемиски материјали за градежништво. Веројатно токму заради тоа и соодносот на добивка од приходи е највисок во споредба со другите големи македонски градежни компании. Дури 24 проценти од приходот од продажба и останал како профит


Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево