Извлечени редните броеви: Пендаровски прв, Максим последен
Објавено во: Македонија 25 Март, 2024
Државната изборна комисија денеска со жрепка го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче, според кој актуелниот претседател на државата и кандидат за нов мандат, Стево Пендаровски го доби бројот 1 на гласачкото ливче на претстојните избори за шеф на државата.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе биде втора на ливчето. Стевчо Јакимовски го доби редниот број 3, Бујар Османи 4, Билјана Ванковска 5, Арбен Таравари 6, а Максим Димитриевски 7.
Тоа ќе изгледа вака
1.Стево Пендаровски
2.Гордана Силјановска Давкова
3.Стевчо Јакимовски
4.Бујар Османи
5.Билјана Ванковска
6.Арбен Таравари
7.Максим Димитриевски