15 Мај, 2024
0.0509

ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ГО НАМАЛИЈА УВОЗОТ НА ЕНЕРГЕНТИ – најголеми снабдувачи сега се САД и Норвешка, ама се увезува и од Русија

Објавено во: Економија 25 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Во четвртиот квартал од 2023 година, ЕУ увезе енергетски производи во вредност од 111,3 милијарди евра, што изнесува вкупно 187,9 милиони тони. Во споредба со истиот квартал од 2022 година, увозот е намален по вредност за -34,2 отсто и во нето маса за -11,7 проценти. Ова го соопшти „Евростат“, од каде посочуваат дека ако се прави споредба меѓу 2023 година со 2022 година, вредноста на енергетските производи бележи пад од 35 проценти, додека обемот е намален за 9,4 отсто.

Од европскиот статистички центар потенцираат дека промената на вредноста на увозот во голема мера е поттикната од падот на цените.

-  Во 2023 година вредноста на увезениот природен гас е намалена за 52,2 проценти во однос на 2022 година, додека обемот е намален за 16,1 отсто. Овој пад на цените на природниот гас уследи по порастот на цените во 2022 година кога беше забележан пораст на вредноста од 200,4 отсто, заедно со намалувањето на увозниот волумен од 0,7 проценти – се појаснува во соопштението.

Намалувањето на обемот треба да се гледа во контекст на планот за намалување на ЕУ, каде што земјите од ЕУ се обврзаа да ја намалат потрошувачката на гас за најмалку 15 проценти. Овој план првично го опфаќаше периодот од 1 август 2022 година до 31 март 2023 година, но беше продолжен до 31 март 2024 година.

-  Намалувањето на цените на нафтените деривати доведе до намалување на вредноста на увезената вредност од 17,2 проценти во 2023 година, заедно со намалувањето на обемот од 2,8 отсто. Нафтените деривати исто така забележаа раст на цените во 2022 година, при што ЕУ увезе 71,2 проценти повеќе во вредност за 7,7 отсто зголемување на обемот во споредба со 2021 година – се наведува во анализата на „Евростат“.

Норвешка и САД - клучни снабдувачи со енергија

Најголем дел од увозот на нафтени деривати од ЕУ во четвртиот квартал од 2023 година дојде од САД од каде биле увезени 17 отсто од потребите, потоа од Норвешка, од каде се увозени 13,1 процент од вкупно потребните количини. Трета на листата земји од каде најмногу е увезено енеригја е Казахстан од каде биле увезени 9,2 проценти.

-  Повеќе од половина од природниот гас во гасовита состојба доаѓа од Норвешка или 53,4 проценти. Следува Алжир со 15,9 отсто, па Русија со 12,7 проценти – нагласува „Евростат“.

САД обезбедија речиси половина од увезениот течен природен гас или поточно 49,4 отсто, пред Русија со 13 проценти и Алжир со 11,1 отсто.


П.О.

Можеби ќе ве интересира

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра