15 Мај, 2024
0.1792

БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ ГИ БЕРАТ ПЛОДОВИТЕ НА УСПЕШНАТА ГОДИНА - ќе добијат дивиденди за лани од вкупно 208 илјади евра

Објавено во: Економија 25 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Акционерите на „Реплек“ имаат причини за задоволство. Компанијата на крајот на април на Собрание на акционери ќе донесе одлука за распределба на дивиденда, која ќе изнесува 300 денари по акција бруто и 270 денари во нето износ.

До акционерите на оваа успешна фармацевтска компанија веќе е објавен јавен повик за учество на Собранието, кое е закажано за 25 април оваа година.

Голем број одлуки треба да донесат акционерите, а една од нив е одлуката за распределба на добивка по годишната сметка на компанијата за минатата година.

Притоа, компанијата објави дека лани остварила добивка по оданочување на сума од 2,6 милиони евра, додека, пак, акумулираната добивка од минати години изнесува 1,1 милиони евра. Или, вкупно нераспределена добивка е 3,7 милиони евра.

А, вкупниот износ што е предвиден за дивиденда изнесува 1,16 милиони евра.

Се планира да се дели бруто износ од 3.000 денари по акција, и нето износ од 2.700 ден по акција

Во законски резерви ќе одат 1,38 милиони евра, а како акумулирана добивка ќе останат 1,17 милиони евра.

Ако нето дивидендата по акција изнесува 2.700 денари, Фактор направи пресметка колку би зеле дивиденда најголемите акционери во компанијата.

Па така, Душан Пецоски, кој е и најголем акционер, а и генерален директор на компанијата, кој располага со 11,98 отсто од акциите, а со оглед што компшанијата има вкупно издадени 25.920 акции, излегува дека тој би зел дивиденда на сума од над 136 илјади евра.

Неговиот брат, пак, Владимир Пецовски, кој има во свој посед 6,29 отсто од акциите, ќе наплати на име дивиденда близу 72 илјади евра.

Слично толку како дивиденда од Реплек ќе земе и Биотек, сопствениците на лаборатории, кои се нов акционер на Реплек и поседуваат 6,3 отсто од акциите, што ќе им донесе безмалку 72 илјади како дивиденда.

Акционерот „Настел“, пак, на бизнисменот Зоран Азманов, ќе наплати дивиденда од 107 илјади евра, според пресметките на Фактор.

На собранието ќе се донесе и одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2023 година, односно дивиденден календар. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите. Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2023 година е 15 мај, а прв датум за тргување без право на дивиденда за 2023 година е 16 мај. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2023 година е 17 мај. Исплата на дивидендата за 2023 година ќе започне од 03 јуни.

Акционерите ќе гласаат и за одлука за поделба на обичните акциии издадени од Реплек и намалување на номиналниот износ на акциите Ќе се врши поделба на обичните акции во сооднос 1 : 10 односно една обична акција се дели на 10 нови обични акции.

„Со поделбата на обичните акции се врши намалување на поединечниот номинален износ по акција од 562,42 евра на поединечен номинален износ по акција од 56,242 евра. Со поделбата на обичните акции основната главнина на друштвото е поделена на 259.200 обични акции со поединечен номинален износ по акција од 56.242 евра, а секој акционер (имател на акции) на друштвото за секоја обична акција со поединечен номинален износ по акција од 562.42 евра пред поделбата на обичните акции на Друштвото, врз основа на оваа одлука се стекнува со по 10 обични акции издадени од друштвото со поединечен номинален износ по акција од 56.242 евра. Со поделбата на акциите основната главнина на друштвото останува непроменета“, се вели во предлпог одлуката за која ќе се гласа на Собрание на акционери.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци