15 Мај, 2024
0.2181

УАПСЕНИ ТАТКО И СИНОВИ ВО РУСИЈА: Се верува дека им помогнале на терористите

Објавено во: Свет 25 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Русија уапси уште тројца осомничени за нападот кој во петокот се случи во Москва и во кој загинаа 137 луѓе. 

Московскиот суд нареди апсење на уште тројца осомничени за кои се тврди дека се поврзани со смртоносниот терористички напад во петокот во концертната сала Крокус сити хол кај Москва, соопшти прес-службата на судот. Тројцата новоосомничени – Аминчон Исломов, Диловар Исломов и нивниот 62-годишен татко Исроил Исломов – се обвинети за учество во организирањето на терористичкиот акт, според рускиот Истражен комитет, пренесе ТАСС.

Истражителите тврдат дека еден од вооружените лица, Шамсидин Фаридуни, се верува дека во јануари го регрутирал Аминчон Исломов за да ѝ се приклучи на неговата организирана терористичка група, со цел да изврши терористички акт. Најдоцна до 11 март, се смета дека тој го регрутирал и Диловар Исломов, велат истражителите, барајќи итно апсење на двајцата браќа, како и на нивниот татко.

Како што пренесуваат руските медиуми, се верува дека Диловар Исломов бил последниот сопственик на белото рено што наводно е користено како возило за бегство од терористите како дел од нивниот план. Сепак, сѐ уште не се објавени официјални детали за тоа како тројцата роднини се поврзани со инцидентот, објави РТ.

Уапсените ќе останат во притвор најмалку до 22 мај. Безбедносните служби за викендот приведоа 11 луѓе во врска со смртоносната престрелка.

Инаку, на социјалните мрежи се споделуваат закани дека ИСИС пак ќе изврши напади во Русија, поради тоа што уапсените биле тепани. Но, оваа информација не е независно потврдена. Денеска имаше закани за бомби во Москва. Од болница беа евакуирани 700 луѓе. 

Инаку, дел од напаѓачите се семејни луѓе, а најмладиот живеел во Русија и бил бербер. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“