20 Мај, 2024
0.0290

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА СДСМ ВО СОБРАНИЕТО - 18 „борци“ ќе мора да се покажат како добри опозиционери

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

СДСМ на последните парламентарни избори освои 18 пратенички места, најслаб резултат на партијата досега на едно изборно соочување, какви што ги имало во изминативе три децении независност.

Во партијата многу скоро ќе се прават потребните анализи, преиспитувања, соочувања и смени на раководните кадри, кои ќе бидат посочени како одговорни за исклучително слабиот изборен резултат.

А, во Собранието ќе останат 18 „борци“, кои ќе бидат и тоа како значајни за партијата, бидејќи од нивниот учинок во законодавниот дом, кој ќе биде јавен и на очиглед на сите, ќе зависи дали граѓаните кои овој пат решија да не го дадат својот глас за СДСМ, ќе се одлучат тоа сепак да го сторат на некој од наредните изборни циклуси.

Кои пратеници на СДСМ влегоа во новиот собраниски состав. 

Во Изборната единица 1 тоа се само тројца - лидерот и поранешен премиер Димитар Ковачевски, коносителката на листата која доаѓа од редовите на коалициониот партнер ЛДП, Моника Зајкова, и Даниела Николова, која била трета на листата и имала голема среќа да добие пратенички мандат во наредните четири години. 

Даниела Николова и досега беше пратеничка на оваа партија, а во собраниските клупи успеа да седне не од почетокот, туку во 2021 година,откако оставка поднесе Мирослав Богдановски од ДОМ, поради недоразбирања во партијата.

Од двојката само двајца претставници на СДСМ ќе ги бранат боите на партијата во парламентот. Станува збор за Оливер Спасовски, поранешен министер за внатрешни работи, како и Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања во заминување, кој беше и еден од потпретседателите веднаш по изборниот дебакл поднесе оставка од својата партиска функција.

Третата изборна единица изнедри четворица пратеници од редовите на социјалдемократите. Од таму во законодавниот дом влегуваат една од најеминентните личности од партијата, досегашната заменик претседателка на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која исто така поднесе оставка од својата висока функција во партијата. 

Во парламентот влегува и Љупчо Николовски, министер за земјоделство во заминување, потоа Горан Мисовски од редовите на коалициониот партнер НСДП, кој беше и потпретседател на Собранието и долгогодишен пратеник, како и министерот за транспорт во заминување и поранешен градоначалник на Штип, Благој Бочварски. 

Четворката им донесе на СДСМ петмина народни избраници. Истакнатиот доктор и поранешен министер за здравство Венко Филипче ќе се испроба и како пратеник во наредниот четиригодишен период. 

Во социјалдемократските пратенички редови ќе седи и министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, која по изборите поднесе оставка од својата функција - претседателка на Форумот на жени на СДСМ. 

Таму влегуваат и Миле Талевски, пратеник на СДСМ од претходниот парламентарен состав, потоа Соња Мираковска од НСДМ, исто така долгогодишна пратеничка, како и Борче Цветков, претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица и поранешен директор на тамошниот затвор, кој откако реши да „трча“ за пратеник, даде оставка од таа функција. Значи, тој ќе биде нов во собранието.

Петката изнедри тројца пратеници. На Јован Митревски законодавниот дом му е природна средина, тој е долгогодишен пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ, а кога Талат Џафери беше избран за технички премиер, Митревски беше спикер на Собранието. Министерката за култура во заминување Бисера Костадиновска-Стојчевска се враќа исто така од таму каде што дојде, во пратеничките клупи, каде особено се прослави со скафандерот. Митко Трајчулевски е третото и последно добирно место во изборна единица пет, организационен секретар на СДСМ, кој беше и шеф на кабинет, па и државен секретар во Министерството за транспопрт и врски и кој ќе биде едно од новите лица во Собранието. 

И, шестата изборна единица беше среќна само за Славјанка Петровска, министерка за одбрана во заминување, која, пак, претходно беше пратеничка, и сега нема да и биде проблем повторно да и се посвети на професијата народен избраник. 

Со зголемувањето од 78 отсто, сите овие пратеници ќе земаат плата по околу 1.750 евра, а ќе имаат и други привилегии и додатоци,л што важи за сите народни избраници.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување