21 Мај, 2024
0.0277

Ердоган за падот на лирата: Целта е Турција и турскиот народ да се донесат на колена

Објавено во: Економија, Балкан 20 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган вели дека нападот на турската економија e како напад на знамето или правото на молитва. Ова го кажа поради падот на вредноста на турската лира воочи големиот муслимански празник Курбан Бајрам. 

Ердоган во своето обраќање преку видео порака, рече дека криза со валутата има една цел да се „доведе Турција и нејзиниот народ на колена.“

„Нападот врз нашата економија не се разликува од нападот на повикот за молитва и нашето знаме. Целта е иста. Целта е Турција и турскиот народ да се донесат на колена, да се заробат. Оние кои мислат дека Турција ќе попушти на девизниот курс, наскоро ќе видат дека грешат“- вели Ердоган. 

Турската лира изгуби 40 отсто од вредноста од почетокот на годината, што се должи на загриженоста поради влијанието на Ердоган на монетарната политика и продлабочувањето на конфликтот со САД. Кризата со труската лира во последните недели влијаела и на вредноста на валутите на други земји во развој.

Ердоган не ги именуваше земјите или институциите кои ги смета за виновни, но претходно за падот на вредноста на валутата ги обвини таинствените „каматни лобија“, западни рејтинг агенции и финансиери.

Кризата на турската лира претставува нов ризик за германската економија, покрај трговските тензии во односите со Соединетите Американски Држави и можното излегување на Британија од Европската Унија без договор за трговскиот режим, соопшти германското Министерство за финансии.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?