Дел од зграда се урнал врз автомобил на поштар при земјотресот

Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2021
Во Хрватска, поштарот Синиша Кадечка завршил под урнатини додека разнесувал пратки.
Тој минатиот вторник разнесувал пошта во селото Страшник, а врз неговиот автомобил паднал дел од зградата на Првото основно училиште.
„Како на филм, како да не сум јас. Колку што се сеќавам, докторот ме праша каде ме боли. Баш онака силно, потоа му покажав кон прстите. Тој праша дали од левата страна, јас одговорив да“, вели овој 24-годишен поштар од Петриња за РТЛ.
Поштарот имал пет скршени ребра.
„Гледаш цигли како паѓаат. Грозно, навистина грозно. Чувствував дека ме притиска и дека снемувам воздух“, раскажал Синиша и кажал дека се плашел.
Неговото закрепнување тече добро, а на работа ќе мора да се врати кога ќе ги санира повредите.
Можеби ќе ве интересира
СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот

СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Доктор Славица ги разбива дилемите: Од што зависи јачината на имунитетот по примање на вакцината Aстра/Зенека

(ВИДЕО) СНИМЕН Е ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ДУБРОВНИК: Само еден човек се шеташе на улица

Србија го набавува лекот против ковид кој го користеше Трамп

Албанија ги заострува мерките, за викендот земјата ќе биде целосно затворена
